100 години од КПК – Комунистичка Партија на Кина

2021 e значајна година за Народна Република Кина, обележувајќи ја 100 годишнината од формирањето на Комунистичката Партија на Кина. Денес, 1 Јули, со огромна церемонија во Пекинг, и официјално беше прославено вековното постоење на партијата, која има започнато со само 50 членови, додека денес брои дури над 95 милиони.


100 years of the Chinese Communist Party and it's plunging ...

Комунистичката Партија на Кина своите почетоци ги има со антиимперијалистичкото и антифеудално движење од 4 Мај, како резултат на народното незадоволство од мировниот договор во Версај во 1919, кога на Јапонија и се овозможува да ги задржи окупираните кинески територии. Истовремено, Болшевичката Револуција и марксистичко-ленинистичката теорија и мисла започнува да ги инспирира кинеските интелектуалци, давајќи им надеж за излез од безнадежната ситуација. Н.Р. Кина во тоа време е водена од феудални генерали, со масовна зависност од дрога помеѓу општата популација, абсолутна сиромаштија, без национална свест, разединетост, и под силна надворешна контрола. Голем број револуционерни интелектулци, меѓу кои Чен Душиу, Ли Даџао и Мао Цедонг, воспоставуваат разни комунистички групи низ цела Кина, организирајќи работнички движења. Токму на ваквите движења се темели Комунистичката Партија на Кина, која е официјално оформена за време на првиот Национален Конгрес, одржан помеѓу 23-ти и 31-ви Јули, 1921, во Шангај. На овој конгрес учествуваат 50 делегати од различни комунистички групи ширум Кина.

Во наредните 30 години, КПК го води кинескиот народ низ револуционерно движење против империјализмот, феудализмот и гангстерскиот капитализам. Во овој период, револуцијата е поделена во четири периоди: Северната експедиција (1924-1927), воената кампања за обединување на Кина заедно со националистичкото движење на Чанг Каи-шек; Аграрната револуционерна војна (1927-1937), вооружен отпор против феудалниот систем и водечката Куоминтанг партија на Чанг Каи-шек; Воениот отпор против Јапонија (1937-1945); и Кинеската народна борба за ослободување (1946-1949). По победата над националистичкото движење на Чанг Каи-шек и неговиот Куомитанг, Комунистичката партија на Кина во 1949 ја основа Народна Република Кина.


The push to revamp the Chinese Communist Party for the next 100 years | The  Economist

Во наредните 70 години, Кина, на чело со КПК, успева од абсолутно сиромашно аграрно општество да стане индустриска сила од која зависи целиот свет. Животниот век во 1950 е само 43 години, таа бројка денес изнесува 77 години.  Од минатата година, екстремна сиромаштија е веќе непостоечка во Кина. Комунистичката Партија на Кина, за разлика од западниот свет, успеа да ја заштити својата популација од Ковид-19 и беше земја која најуспешно се справи со овој глобален предизвик. Благодарение на одлучноста и способноста како и резултатите кои КПК ги достигна, народната поддршка во овој момент за КПК изнесува 98% од популацијата на Кина – ова е највисока поддршка за една власт во целиот свет. Се разбира, патот до денешниот успех е исполнет со огромен број пречки, грешки, но и добро научени лекции. Успехот на КПК се должи на можноста да ги прифати сопствените грешки, да учи од нив и да се адаптира. Историјата на КПК е богата и комплицирана, нудејќи огромно теоретско и практично знаење и искуства. Социјализмот со кинески карактеристики нуди алтернатива на постојниот поредок и на истиот треба да му се пристапи сериозно и пред се студиозно. Водени од социјализмот со кинески карактеристики, Кина, на чело со КПК, до 2050 планира да изгради успешно социјалистичко општество и со тоа да го трасира патот на останатите држави низ светот за истото.

Големиот собир ќе се одржи на плоштадот Тјенанмен во Пекинг, каде што ќе се прослави овој јубилеј на КПК. На настанот ќе присуствува и кинескиот претседател Си Зинпинг, кој исто така е и Генерален секретар на Централниот Комитет на КПК како и претседател на Централната воена комисија, и токму на овој настан тој ќе има обраќање до нацијата како главна манифестација на самиот собир. 

Овој голем собир специјлано беше пренесуван во живо и истиот може да го следите преку интернет, каде има и програма од 4 саати за историјатот на КПК како и за моменталните состојби во Н.Р. Кина и предизвиците кои ја чекаат КПК како предводник на кинескиот народ.