Илиевски: Црн пазар во високото образование – втор дел
Пишува: Ѓорѓи Илиевски,виш просветен инспектор
Како човек од збор и за кого дадениот збор има посебно значење, еве достојно на
македонската јавност и го презентирам вториот дел од една мрачна состојба во
која функционираат унивезитетите во нашата држава. И за да им докажам на
злобниците кои ми се лутеле за досега напишаното дека во ниту еден атом од
мојата душа тоа не го правам за да им наштетам, во ова писание нема да
наведувам универзитети. Но, затоа ќе персонализирам случаи и професори, па
Вие може да разберете за кого се работи. Само на овој начин ќе ја сфатите мојата
порака, пораката на Ѓорѓи Илиевски дека Законот за високото образование мора
да се почитува за доброто на студентите пред се, но и за вработените во
универзитетите, за сопствениците на универзитетите и за Министерството за
образование во целина.
Професорот Љупчо Коскаровски е декан на еден факултет и во исто време
вработен во средно училиште и до пред некој ден директор на тоа училиште
(сменет поради сомнителни активности и наводно отворена истрага???). Како е
можно лице вработено во државна институција истовремено да биде декан на
приватен факултет??? Според кој член од Законот за високото образование???
Ако се води според логиката на законот тој може да биде единствено избран во
насловно звање! Не постои избор во редовно звање за лице со скратено работно
време. Инспекторите во државниот просветен инспекторат и МВР и Државната
антикорупциска комисија тоа треба да го знаат! И веднаш да излезат и да
спроведат надзор и да ги поништат како незаконити сите одлуки и дипломи
потпишани од oва неовластено лице.
Професорот Иван Бабамовски, пензионер со долг пензионерски стаж предава и
потпишува со години пријави за испити на еден факултет на додипломски и
магистерски студии???? Државниот просветен инспекторат, МВР и Јавното
обвинителство за организиран криминал веднаш треба да отворат истрага и да се
одземат сите пријави, студентите да сведочат кај кого полагале???? Веднаш
треба да се поништат сите пријави, одговорност од Деканот и сите инволвирани
во една нормална држава мора да има.
На еден државен факултет, дозволено е преголема концентрација на моќ во една
личност. Имено, еден професор се бира за шеф на катедра кој понатаму одлучува
кој може да предава на таа катедра, а кој не. Истовремено тој професор е
претседател на Здружение од областа на катедрата со која раководи,
претседател на сите можни комисии. Штетно е толкава власт да се концентрира
во една личност. И според некое правило, сите нови доктори на науки се избираат
во насловни звања, за да може шефот на катедра да ги омаловажува и да не им
дозволува како професори, а не со насловно звање да спроведуваат испити,
предавања итн. Зошто толкава алчност кај овие лица?
Во вториот дел од текстот ќе ги соооштам информациите до кои дојдов и кои се
однесуваат за лошата состојба со плати на вработените професори и асистенти
на приватните факултети. На еден универзитет платата им изнесува 15000
денари за професор, на друг 20000 денари линеарно за професорите, на друг
еден дел се плаќал како плата, а друг како хонорар (што е класично перење пари,
затоа што не може врабетено лице во една институција истовремено да биде и
хонорарно ангажиран. Очекувам Сања Лукаревска да ги истражи овие сомненија и
со помош на институцијата надлежна за перење пари да спроведат опсежна
антикорупциска акција), на трет универзитет платата изнесува 9000 денари за
професор, на четвртиот универзитет професорите не земаат плата по 5 месеци…
Дали оваа состојба е резултат на непостоење на синдикални организации, слаба
контрола на министерката Шахпаска??? Дали овие грозни финансиски
омаловажувања на професорите е извор на корупција??? На еден универзитет
професорите добиле непристоен предлог од сопственикот, кој им укажал да си
седат дома и да пишуваат магистерски и дипломски на студентите за 500 евра и
од нив 100 евра нему да му даваат???? Дали е ова нормално??? Во која држава
живееме Премиере и Вицепремиере Љупчо Николовски??? Така ли ќе се борите
против корупцијата, кога без контрола на надлежните институции заради вашиот
игнорантски однос корупцијата во државaта може да цвета. А Македонија никогаш
да не влезе во ЕУ! Почитувани професори, асистенти не дозволувајте да ве газат,
не дозволувајте да ве омаловажуваат, борете се за својата позиција. Како што
гледате веќе не може работите да се ставаат под тепих. Срамно е кога вашите
блиски и пријатели ќе дознаат колку сте дозволиле сами да се деградирате! А за
асистентите на овие универзитети можам да кажам дека нивното достоинство е
деградирачко во однос на платата која ја добиваат.
Продолжуваме понатаму. Имам секојдневни јавувања од професори од државни и
приватни универзитети и планирам сите да ги објавувам и да помогнам да се
подобрат состојбите во оваа област.