АктуелноЛокалноСтав

Проф. д–р Цуцуловски: Тефтерот, наречен „Устав“, повторно ќе се отварал

Статус на Проф. д–р Љубомир Цуцуловски.


„Згаснување. Тефтерот, наречен „Устав“, повторно ќе се отварал. Тоа го најави Али Ахмети. Вчера беше објавено (во сите медиуми) дека ќе се менувале државното знаме, грбот, химната, кои се суштински обележја/симболи на секоја држава. Тоа се случува кога државната политика на секој план трпи сериозни дебакли и кога Заев во Бугарија ветил дека бугарскиот народ ќе биде внесен во Уставот. Дека Македонија е во сериозна состојба веќе отворено ѝ укажуваат и нејзините „стратешки партнери.“
Во исто време, Државата не е спосбна да издаде свидетелства, патни исправи за странство, лични карти, регистерски таблички за возилата… Голем дел од овие, условно кажано, лични документи претставуваат државни документи.
На пример, во пасошите е потенцирано дека се во сопственост на државата, личните карти ги издава државата, исто како и регистерските таблички. Во нив е назначена, помеѓу другото, терироторијата, како и државата на лицето, односно возилата за кои се издадени. Кога државата не е во можност да ги издава овие документи (патем, не верувам дека тоа се случува заради нивен недостиг) тоа претставува неможност да врши некои од своите витални обврски. Тоа значи нејзино своевидно откажување, повлекување или постепено згаснување на нејзините функции. Или, би можело да се каже, нејзина неконвеционална абдикција. Тоа имплицира дека на нејзино место би можела да дојде некоја друга, сосема различна држава од досегашнава.
Дали тоа ќе биде нејзино моментално/целосно згаснување или нејзина постепена поделба/федерализација, како начин на нејзино згаснување, не е целосно јасно, како што е нејасно дали нејзините остатоци ќе живуркаат сами по себе или ќе бидат приклучени кон некоја од соседните држави, создавајќи од нив нови држави. Односно, гооолеми држави!
Овие можности/стравување не се производ на гола, со ништо непоткрепена фантазија, туку претставуваат предупредување, особено ако се земат предвид барем две работи: (а) т.н. нон-пејпер за создавање/окрупнување на нови национални/етнички држави на Западниот Балкан и (б) крајно агресивното однесување на официјална Бугарија, на нејзините политичари, како и на некои нејзини европратеници.
Колку и да звучи како општо место, потребно е човек да се потсети дека ништо во овој свет не е случајно – особено во политиката. Нешто се чини дека е случајно само затоа што не се знаат неговите причини. Меѓутоа, незнаењето на причините не значи и нивно непостоење.”