Левица: Министерот Филипче не го исполни најавеното покачување од 5% на платите за вработените во ЈЗУ
Реакција на Здравствениот сектор на Левица за ветувањето од страна на министерот за здравство, Венко Филипче во врска со покачувањето на платите на здравствените работници.
„Сите вработени во јавно здравствените установи ќе добијат покачување од 5% на платите” – изјави министерот за здравство Венко Филипче на 9ти март 2021 година. Ветувањето не го исполни,а моментално сме на крајот од месец мај, притоа се’ уште не е реализирано ни покачувањето за мартовска плата.
Дополнително, би сакале да го навратиме нашиот министер кон владините ветувања од септември 2020 година, кога на прес конференции изјавуваа дека секоја наредна година континуирано ќе ги зголемуваат платите на здравствените работници и нивните соработници до 10% до 2024 година. Ова е уште еден доказ дека министерот Филипче безкрупулозно си поигрува со медиционскиот кадар кој континуирано е инволвиран во процесот на дијагностицирање и рехабилитација, дури и во услови кога во државните клиники нема доволно технички исправни апарати, ниту современи помагала и немаат доволен број колеги од различни дисциплини.
„Тендер – министер што ветува, а не оживотворува” – оваа фраза ја манифестира евалуацијата на работата од човекот кој со лажна скромност ја користеше и ја злоупотреби ситуацијата со коронавирусот и глумејќи потпарол се промовираш, притоа гледајќи ги во обете очи ги лажеше вработените во медицинските установи. Бесрамно и последователно ги манипулира, гледајќи ја нивната саможртва, а се’ уште ги лаже дека ќе им ги покачи платите потценувајќи го нивниот хероизам.
Нема да дозволиме да ја достигнете кулминацијата на Вашите лажни ветувања и со Вашите интриги државниот здравствениот систем да го доведете во „клиничка смрт”, а граѓаните да наидат на затворени врати во нашите болници!