АктуелноИнтернационалноОгледало

(Видео) Фидел Кастро ги поздравува децата донесени во Хавана по катастрофата во Чернобил

Милиони луѓе ја гледале ТВ серијата за нуклеарната хаварија во СССР – “Чернобил”, но, најважниот гест и помош од страна на Куба, не е ни споменат во ниту еден момент во серијата.

После катастрофата, малиот остров Куба излезе во пресрет и се грижеше за над 20 000 млади жртви од 1989 до 2011 година.
Медицинска нега, школување, облека, храна, сместување, игралишта – сето тоа бесплатно. Отворена е специјализирана медицинска установа на исток од Хавана, а кубанските лекари отпатуваа во погодениот регион за да лекуваат пациенти во нивната татковина.

Ниту една друга земја во светот не покажа ваква великодушност кон народите од СССР.
Кубанците одговорија – „етичко и морално“, а не „политичко прашање“, како што беше претставено од про западните медиуми во тоа време.

Програмата продолжи и покрај промената на владите во Украина.
Денес, последиците се сеуште присутни. Куба објави дека ќе ја продолжи програмата во нов објект за синовите и ќерките на жртвите, кои сега покажуваат заболувања слични на нивните родители.
Заострувањето на блокадата против Куба и санкциите од страна на САД, влијае не само на кубанскиот народ, туку и на илјадниците пациенти кои се згрижени од реномирани меѓународни медицински тимови на Куба.