Црвена Младина: Образованието не смее да биде луксуз и привилегија
Поради најавувањето на новите реформи во образованието од министерката Мила Царовска, ние, како младина најостро го осудуваме ваквото ноншалантно однесување на министерката, која без легитимитет, шверцерски сака повторно да наметне катастрофални реформи во образованието од кои најмногу штета би претрпеле учениците од социјално загрозените семејства.
По тој повод Црвена Младина ги поддржува најавите за бојкот на наставата како знак на револт против игнорантното однесување на министерката Царовска, и упатуваме апел – секој наш член своеволно да се придружи на бојкотот на наставата.
Со ваквиот насилнички пристап сериозно се загрозуваат еднаквоста и достапноста во образованието како појдовни вредности во образовниот процес. Затоа ние велиме – НЕ на ваквите реформи и се залагаме за бесплатно образование за сите.
Образованито не смее да биде луксуз и привилегија.
Статус на Црвена Младина
ОБРАЗОВАНИЕТО НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ ЛУКСУЗ И ПРИВИЛЕГИЈА Поради најавувањето на новите реформи во образованието од…
Posted by Црвена Младина on Wednesday, April 28, 2021