Дарија Андовска: Во недела на протест!
Познатата композиторка, Дарија Андовска повика за да се присуствува на протестот во недела, организиран од македонската дијаспора.
Во недела протест. Јас
Ич не ми е гајле кој го организира.
Протестирам!
Протестирам против (in no particular order):
– политичкиот прогон на учесниците (не организаторите!) на 27.04
– промената на Уставот
– промената на уставното име Република Македонија
– непочитувањето на волјата на народот на неферендумот
– понижувачкиот договор со источните соседи
– криминалот и корупцијата на власта и нивните соработници
– деформите (не е грешка) во образованието
– укинување на катедрата за македонски јазик и книжевност на УКИМ
– губење на историјата и распродажба на идентитетот
– неспособноста на министерството за здравство да ја заштити нацијата во услови на пандемија
– поскапувањето на потрошувачката кошница
– тоа што сме сиромашна и најнесреќна земја
– тортурата и линчот на сите кои гласно ја критикуваат власта
– крадењето и осиромашувањето на ионака кутриот народ во услови на пандемија
– неспособноста на власта да им помогне на сите засегнати
– изградбата на чудовиштата до Холидеј Ин, покрај река, на трусно подрачје, без соодветна инфраструктура
– урбаната градежна мафија
… има уште многу.
Ама и ова е повеќе од доволно да протестирам!
Се гледаме во недела
Во недела протест. Јас ⬇️ Ич не ми е гајле кој го организира. Протестирам! Протестирам против (in no particular…
Posted by Darija Andovska on Friday, 23 April 2021