Левица – Аеродром: Бескрупулозно трошење на народните пари – Марин знае дека му доаѓа крајот

Денес на страната на Левица – Аеродром објавија реакција за расипничкото владеење и претерано трошење на општинскиот буџет од страна на градоначалникот на Општина Аеродром Златко Марин, кое го пренесуваме интегрално.


БЕСКРУПОЛОЗНО ТРОШЕЊЕ НА НАРОДНИТЕ ПАРИ – МАРИН ЗНАЕ ДЕКА МУ ДОАЃА КРАЈОТ, ПА ГЛЕДА ДА ИЗМОЛЗИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ

Во екот на пандемиска криза, која секако е пропратена со огромна економска криза, кога работниците, земјоделците, семејствата едвај врзуваат крај со крај, градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин, ги троши парите на граѓаните за луксузни и некапитални инвестиции, се со цел да приграби што е можно повеќе “проценти”, бидејќи му е јасно дека граѓаните нема да му дадат втора шанса. Така по фамозните корпи за отпадоци односно 18.000 денари за парче, деновиве не дошокираа со чешмичка од повеќе од 65.000 денари без ДДВ, па дури и замена на копче на чешмичка од 7000 денари без ДДВ, и тоа не крајот на трошењето народни пари.Во јавната набавка има и одвртување на вентил за повеќе од 100 евра односно 6.600 денари. Ќе помислевме дека ќе се има малку достоинство и човечки срам, дека има граница и разум да се стопира ова чудно трошење на народните пари, но Марин и СДС, за еден кошаркарски обрач спремиле јавна набавка од 15.000 денари без ДДВ. 

Прашуваме, до кога ќе се толерира ваквото неконтролирано трошење на народните финансии, како и нефункционалното раководење на Општината? Па нема ли од сите тие партиски вработени војници, некој да ги одврти вентилите на фонтаните и чешмичките, па мора да се прави јавна набавка за истото. Народот не пие нафта, трпението му е на минимум, затоа на локалните избори ќе се стави крај на ваквиот расипнички и коруптивен начин на владеење. Тоа ќе го стори Левица, преку своите советници, кои со својата чесна работа, беспоштедна борба за секој денар на граѓаните ќе воведе ред и поредок. 

Додека има семејства кои едвај врзуваат крај со крај, деца кои немаат основни средства за учење и развој, достоен живот, пензионери кои јадат по еден оброк на денот – да трошиш од заедничките пари за скапи луксузни елементи и непотребни трошоци, е во најмала рака лудо и нечесно. ДОСТА Е! СОВЕТНИЦИТЕ ЗА НАРОДОТ! ОПШТИНАТА ЗА НАРОДОТ!!! ЛЕВИЦА ЗА НАРОДОТ!!!

БЕСКРУПОЛОЗНО ТРОШЕЊЕ НА НАРОДНИТЕ ПАРИ – МАРИН ЗНАЕ ДЕКА МУ ДОАЃА КРАЈОТ, ПА ГЛЕДА ДА ИЗМОЛЗИ КОЛКУ МОЖЕ ПОВЕЌЕ Во…

Posted by Левица – Аеродром on Thursday, April 22, 2021