АктуелноЛокално

Блиско лице до секретар на Град Скопје добивал тендери за ЈП „Лајка”

Секој ден во Македонија има по неколку мега скандали, што на локално, што на национално ниво.

По објавувањето на списоците на “тајните” хонорарци за 2021година (сѐ уште ги чекаме списоците за 2020 и 2019 година), еруптираше незадоволството кај народот, затоа што освен партиските војници од СДСМ, на тие списоци има невладини активисти и новинари кои се декларираа како независни.

Во преписка на фејсбук- статуси помеѓу адвокатот Јанаки Митровски и шефот на кабинет на Шилегов, Никола Наумоски (кој е братучед на Радмила Шеќеринска) се отиде до таму Наумоски да го обвинува за неговиот ангажман за правно застапување на ЈП Лајка, како и наводната негова поврзаност со лидерот на Левица, Професорот Димитар Апасиев. При одговорот за Никола Наумоски, покрај објаснувањето за тендерот, адвокатот Јанаки Митровски спомена за рекетот врз него, кој го пробала Викторија Аврамовска Мандиќ, секретар на Град Скопје, за вработување на “нивни” луѓе како противуслуга за тендерот, за што напомена дека има и аудио-снимка како доказ.

За Мандиќ во јавноста деновиве излезе уште еден скандал, како фирма поврзана со нејзината сестра добивала тендери. Фирмата АРМОР ПЛУС ДОО Скопје е во сопственост на Димитар Петрески, кој е сопруг на Ленче Петреска и сестра на Викторија Аврамовска Медиќ. Оваа фирма, во периодот од 2017 година до денес, се јавува како потписник на 12 склучени договори со Град Скопје и градските јавните претпријатија, во вредност од над 300.000 евра. 

Секоја општина во Македонија има по најмалку една ваква фирма. Пред неколку дена, од Левица Аеродром реагираа за јавна набавка на канти за отпадоци од неверојатни 16.000 денари без ддв, од компанијата Лапласт-‘М, купени од страна на Градоначалникот на СДСМ Златко Марин. Кога ќе се собере севкупно, станува збор за неверојатна сума на пари кои се трошат од буџетот на граѓаните, пари од кои се богатат властодржците и бизнисмените, пари кои во реалноста на чесниот и работлив човек не му придонесуваат во подигнување на квалитетот на неговото живеење,  пари кои придонесуваат и се користат за поткупување на гласачи, поддржувачи, криминалци, како оваа корумпирана “елита” остане што е можно подолго на власт.