Директорот на ЈП ‘‘Комунална чистота‘‘ Богданци најави повлекување од функцијата

На XII-та седница на Советот на Општина Богданци, која се одржа на 27.04.2022 година, од страна на советникот на Политичката партија Левица, Михаил Тодоров, остро беше критикувана работата на директорот како и ефикасноста на ЈП ‘‘Комунална чистота‘‘ – Богданци.

Поради создадениот притисок во јавноста, директорот на претпријатието, Ристо Прочков, најави повлекување од функцијата.

На седницата, советникот од Левица најмногу ја критикуваше работата на директорот во поглед на партиските вработувања, завршната сметка, долговите како и безбедноста на објектот.

Михаил Тодоров му ги предочи незаконските работења во поглед на користење на електрична енергија од претпријатието од страна на приватна фирма, за што му потенцира дека за истото се добива кривична пријава.

Во продолжение ви пренесуваме дел од видеото на кое може да се види острата критика упатена кон директорот, од страна на Советникот од Политичката партија Левица.