Македонија во должничко ропство – 8.6 милијарди евра е задолжена само кон надвор
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица:
„Степенот на задолженост на Република Македонија, повторно ја бранува јавноста. Впрочем единствената работа за која има консензус во Собранието, со исклучок на Левица, е континуирано ставање на Републиката во должничко ропство.
Согласно соопштението на Народна Банка, крајот на четвртиот квартал од 2020 година, Македонија забележува неверојатни 8,6 милијарди евра само надворешен долг. Што е уште позастрашувачки – 62 проценти од овој долг е кон приватни институции.
Извештајот на Народна банка, иако промовираше ситно намалување на надворешниот долг, факт е дека целокупниот јавен долг на крај од третиот квартал изнесуваше 6,57 милијарди евра, согласно извештајот кон крајот на четвртиот квартал само надворешниот долг е 8,6 милијарди – што претставува значително зголемување, особено кога ќе се стави во контекст дека изнесува 80,2 отсто од процентот на БДП за 2020 година.
Тоаталното отсутство на економска визија ја сведе СДСМ, која како партија во 2016 година најавуваше кривична одговорност за неодговорни задолжувања, во моментов да ја бутка Македонија во банкрот.”
МАКЕДОНИЈА ВО ДОЛЖНИЧКО РОПСТВО – 8,6 МИЛИЈАРДИ ЕВРА Е ДОЛЖНА САМО КОН НАДВОР Степенот на задолженост на Република…
Posted by Левица on Monday, April 12, 2021