Левица: Модуларната ковид болница во Куманово нема централен довод на кислород
Во целост ја пренесуваме реакцијата на Левица – ЛО Куманово:
„Во речиси исполнет капацитет на модуларната болница нема централен довод на кислород.Од вкупниот расположлив капацитет, речиси 90% од пациентите се на кислородна подршка.
Додека Владата се фали со отворените модуларни болници, истите се без централен довод на кислород, па затоа вработените се принудени да носат и по стотина боци со кислород, кои се тешки и до сто килограми.
Изговорот на директорката на кумановската болница е дека нема доволно буџетски пари за да се санира овој сериозен недостаток и да се олесни работата на исцрпениот медицински персонал.
ЈАВНО ПОВИКУВАМЕ ДО ВЛАСТА НАМЕСТО ДА ТРОШАТ ПАРИ ЗА ЛЕТАЊЕ СО ХЕЛИКОПТЕРИ, НАБАВКА НА ЛОСОСИ И МОРСКИ ПЛОДОВИ ВО ВРЕМЕ НА ЗДРАВСТВЕНА КРИЗА, СРЕДСТВАТА ДА ГИ ПРЕНАМЕНАТ ЗА ОПРЕМУВАЊЕ НА БОЛНИЦИТЕ НИЗ ДРЖАВАТА !”
МОДУЛАРНАТА КОВИД БОЛНИЦА ВО КУМАНОВО НЕМА ЦЕНТРАЛЕН ДОВОД НА КИСЛОРОД Во речиси исполнет капацитет на модуларната…
Posted by Левица – Куманово on Sunday, April 11, 2021