АктуелноЛокално

ВИП вакцини преку ред за Груби, Маричиќ и Царовска?

Албански медиум објави информација дека преку ред вакцинација обезбедиле министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вице-премиерот Артан Груби. Во веста се вели:

„Набавката на вакцини предизвика сериозни проблеми во многу развиени земји, но и големи скандали со таканаречената ВИП вакцинација. Не само што е многу тешко за обичните граѓани да се вакцинираат, туку ограничените количини што почнаа да пристигнуваат во многу земји првично се злоупотребуваат од политичарите, наместо да се вакцинира населението што е приоритет за заштита според препораките на СЗО. Бројни скандали со политичка злоупотреба на налогот за вакцинација се случуваат низ целиот свет, граѓаните протестираат, а политичарите поднесуваат оставки.“

Понатаму, за Македонија во текстот вели: „Во оваа земја се шпекулира дека ВИП вакцинацијата е обезбедена преку министерката за образование Мила Царовска, министерот за правда Бојан Маричиќ и вицепремиерот Артан Груби“. Понатаму, информира дека „Македонија е земја каде и покрај бројните ветувања за започнување на вакцинациите во јануари, февруари и март, владата и Министерството за здравство обезбедија само 3.000 вакцини од Русија и претходно добија донација од 8.000 вакцини од Србија, поради што е меѓу последните земји во Европа според бројот на вакцинирани лица“.