АктуелноЛокалноСтав

Апасиев: Со ваков закон за попис процесот на демакедонизација ќе биде завршен

Во последното свое гостување, пратеникот Димитар Апасиев истакна дека Левица покрај одлагање на пописот, бара и нов закон за попис. Како што истакна, дури и да се одложи пописот за една година, неговата партија никогаш нема да ги признае резултатите од попис спроведен според актуелниот закон.


„Со истиот овој закон, дури и после една година – процесот на ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА ќе биде завршен. Затоа ние бараме, не само одлагање на пописот, туку бараме и ЕУ-регулативата да биде вградена во пописот како гаранција.
Бараме двојни попишувачи на терен, бараме и хартиена форма за попишување – бидејќи вака не постои контролен механизам и со ваков закон само небото е граница за фалсификување.”

Апасиев исто така истакна дека никаде во светот нема попис на дијаспора. Тој се повика на Конфедерацијата на европски статистичари, каде се дефинира дека „доколку лица се отсутни во период подолг од една година, независно од времетраењето на нивните повремени посети, тие не спаѓаат во категоријата на отсутни лица и нема да бидат опфатени со пописот на таа локација.”

Според Апасиев, целта на ова решение е да се избегне двојно попишување и да не дојде до ситуација каде ист случај е попишан и во Швајцарија и во Македонија.