АктуелноЛокално

Симовски: Контакт со вашата мајка е идентично опасен како доаѓање попишувач

Директорот на Државниот завод за статистика – Апостол Симовски по однос на зачестените реакции за бојкот на пописот при пандемија изјави дека „носењето храна кај родителите е идентично опасен како доаѓањето на попишувачот.”

Паралелно со оваа изјава, само за месец март се регистирани 408 починати случаи од корона-вирусот. Дополнително, во вчерашното интервју на „Само вистина”, Симовски потврди дека веќе се регистрирани четири заразени попишувачи, но олеснителна околност, според него, е тоа што лицата биле заразени од сопружниците, а не во Државниот завод за статистика.