Дали претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Мицковски спремен е да прифати попис по постоечкиот закон но со имунизирани попишувачи?
Христијан Мицковски вчера гостуваше на вестите на ТВ Сител, каде меѓу другото, прашан дали ќе го бојкотира пописот, тој одговори дека „не му паѓа на памет да разговара со неимунизиран попишувач“. Подоцна, на својот твитер профил дури објави и фотографија со токму овој дел од интервјуто.
На социјалните мрежи, како и на коментарите под споменатиот твитер пост, имаше негодување дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ повторно искажува нејасен и неодлучен став. Имаше забелешки и во насока на тоа дека, ваквиот „кратковиден“ став може да се одрази уште полошо со тоа што власта би го одложила пописот за кратко за потоа со имунизирани попишувачи да го спроведе според истите правила кои ги поставува сегашниот закон за попис.
Во „Слободен Печат“, по повод ова интервју дури и излезе вест со наслов „Мицкоски: ВМРО-ДПМНЕ е подготвено да прифати попис во првиот момент кога ќе бидат имунизирани сите попишувачи“.
Се чека демант од страна на лидерот на ДПМНЕ – Христијан Мицковски, дали навистина е спремен да прифати ваков попис кој очигледно е кроен да прикаже нереални резултати од она што е реалност на терен.
Инаку, вчера премиерот Заев не информираше дека ја прифатил понудата на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ за лидерска средба, и истата ќе се одржи во понеделник. Се очекува токму пописот да биде главна тема, народот очекува ништо помалку од целосно поништување на законот за попис и негово одложување се додека не се донесе нов закон и според кој ќе се спроведе попис во време кога ковид кризата ке стивне.