Партијата Родина Македонија се залага за истрага и кривичен прогон за хунтата
Родина Македонија го објави следното соопштение во реакција на пописот кој не само што е нелегитимен и анти-државнички, туку е и крајно опасен по здравјето и животите на луѓето поради пандемијата:
Почитувани,
РОДИНА МАКЕДОНИЈА Ве информира и Ви ветува, дека ќе стори сѐ што е во нејзина моќ, одродниците да одговараат пред лицето на правдата!
По падот на нелегитимната и колаборационистичка власт, меѓу народот позната како „Хунта“, РОДИНА МАКЕДОНИЈА ќе иницира истрага и кривичен прогон за сите поединци, формални и неформални злосторнички здруженија, по следниве правни основи:
(1) Застрашување на јавноста, неоснована закана и незаконска присилба;
(2) Кршење на основните човекови права гарантирани со меѓународни Декларации од ООН и Советот на Европа;
(3) Флагрантно кршење на Уставот на државата Македонија;.
(4) Кршење на одредби од Законот за здраствена заштита;
(5) Намерно или непромислено ширење на опасна заразна болест;
Бидете храбри, следува #ВраќањеНаМакедонија
СМРТ НА ФАШИЗМОТ! СЛОБОДА НА НАРОДОТ!