Вратени на работа отпуштените од „Бербо Екотекс” откако Левица Богданци прва излезе со официјално барање до надлежните институции
Во целост ја пренесуваме реакцијата на ЛО Левица – Богданци
„Вратени на работа отпуштените од „Бербо Екотекс” откако Левица Богданци прва излезе со официјално барање до надлежните институции да ги превземат сите дејствија за враќање на работниците и разоткривање на незаконското работење и криминал!
Се надеваме дека во иднина нема да има потреба секогаш да бидеме алармот кој ќе ги разбуди државните органи и синдикатите да реагираат. Имено ССМ реагираше во рок неполн од 24 часа откако Левица – Богданци излезе со РЕАКЦИЈА ДО ЈАВНОСТА и со Барање до надлежните институции да се преиспита работењето на горенаведеното претпријатие и прекршувањето на законските норми и отпуштање на 70 вработени.
Исто така сакаме да реагираме и до градоначалникот Шапов, наредниот пат да не излегува само на дебата кога е нужно и кога нема друг пат освен да се појави, туку рамо до рамо да застане со работниците уште од првиот ден кога се прекршени нивните права.
Градоначалникот Шапов и ССМ имаа време од 28.02.21 до 03.03.21 да реагираат но тоа не го сторија и чекаа моментот да спласне ситуацијата, а работниците да се помират со добиените откази.
Ние ќе останеме будни и ќе ги следиме сите ваши постапки се до расветлување на сите незаконски дејствија кои се сторени.”
ВРАТЕНИ НА РАБОТА ОТПУШТЕНИТЕ ОД БРЕБО ЕКОТЕКС ОТКАКО ЛЕВИЦА БОГДАНЦИ ПРВА ИЗЛЕЗЕ СО ОФИЦИЈАЛНО БАРАЊЕ ДО НАДЛЕЖНИТЕ…
Posted by Левица – Богданци on Tuesday, March 23, 2021