АктуелноЛокалноСтав

Саше Јанчев – #НеОтворамВрата за да падне оваа малоумна влада

Статус на Саше Јанчев – член на Централен Комитет на Левица.

„Се јави и градоначалникот на Гевгелија да ни даде совет за пописот. До вчера пушташе соопштенија и даваше изјави дека ситуацијата во Општината е алармантна, дека ковид болницата е полна, дека медицинскиот персонал ни е преполовен оти е или болен или во изолација, а еве го денес вика дека треба да правиме попис.

Како одат овие две работи заедно? Како одат заедно „ситуацијата е алармантна” и „мора да има попис?” Што сака да каже градоначалникот?Сега јас ќе ви кажам. Кога градоначалникот вика дека треба да има попис всушност кажува дека фалсификат попис со договорени проценти е коалиционен дил помеѓу ЕС ДЕ ЕС и ДУИ и ако ЕС ДЕ ЕС не го испорача ветеното ќе падне власта. Е тоа ви кажува градоначалникот коа ви вика дека мора да има попис.Што е во позадина на ова? Позадината е што ДУИ си сака федерализација (читај нова војна), а ЕС ДЕ ЕС си сака да си остане на власт. И ЕС ДЕ ЕС за власт спремни се да го спроведат пописот па макар и светот пропаднал. Тоа што и они се дел од светов и ќе пропаднат со него е предлабока мисла за нив. Ги интересира само власт и затоа тресат небулози како е безбедно да се прави попис. Да, безбедно е, ама само ако не им се отвори врата на попишувачите.

#НеОтворамВрата за да спречам војна и идни крвопролевања!

#НеОтворамВрата за да го заштитам личното и јавното здравје!

#НеОтворамВрата за да падне оваа малоумна влада!“