СКАНДАЛ за САД: НР Кина им одржа лекција нивни терен
Во градот Анкориџ во Алјаска започнаа состаноците помеѓу делегациите на САД и Народна Република Кина во рамки на „Дијалогот на високо ниво“. Ова воедно е и првата средба во живо помеѓу највисоки дипломати од двете држави откако Џо Бајден стана Претседател на САД. Меѓутоа, многу брзо средбата премина во вербална конфронтација и во кршење на вообичаениот дипломатски протокол.
Американскиот државен секретар, Ентони Блинкен, го започнал состанокот со конфронтирачки тон, вообичаен за арогантниот пристап на американската дипломатија: „Ќе разговараме за нашата длабока загриженост за делувањата на Кина во Шинџанг, Хонг Конг, Тајван, сајбер нападите и економските притисоци кон нашите сојузници“ истакнал Блинкен.
Одговарајќи на провокативните коментари, шефот на кинеската дипломатија, Јанг Sијечи, возвратил дека Шинџанг, Хонг Конг и Тајван се наразделни делови од кинеската територија и дека Кина остро се противи на мешањето на САД во внатрешните работи на нивната држава. Понатаму, Јанг истакнал дека човековите права во САД се на ниско ниво што е очигледно во нивниот однос кон малцинствата таму.
Понатаму, Јанг нагласил дека „САД ја користат својата воена и финансиска моќ за да вршат притисок врз други земји“, а и го „злоупотребуваат терминот национална безбедност за да влијаат врз меѓународната тргогија“. „За разлика од САД, кои често користат воена сила и создаваат немири низ целиот свет, Кина е посветена на мирен развој“, потенцирал Јанг. Потоа, тој додал дека „повеќето земји од светот не прифаќаат дека САД ги претставува меѓународните вредности, не прифаќаат дека тоа што САД го зборува го претставува светското јавно мислење и не прифаќаат правилата напишани од страна на неколку држави да се претставуваат како меѓународни правила.“
Потоа, Јанг побарал од Вашингтон „да престане да ги влошува односите помеѓу двете земји“ и нагласил дека „Кина нема да биде загушена“. Тој додал дека Кина е на патот да постигне целосна модернизација до 2035 и да се развие во голема и модерна социјалистичка држава до 2050 година.
„Луѓето во САД всушност имаат многу мала доверба во демократијата во нивната држава. Според анкетите, лидерите на Кина уживаат голема поддршка од страна на кинескиот народ. САД немаат право да разговараат со Кина со потценувачки тон и народот на Кина нема да го прифати тоа.“ истакнал Јанг.
После состанокот, кој многумина го опишуваат како голем срам за американската дипломатија, Блинкен се пожалил дека Јанг не го почитувал дипломатскиот протокол со тоа што зборувал долго, на што Јанг возвратил дека САД не го почитувале дипломатскиот протокол со тоа што најавиле санкции против кинеските службеници во очи на состанокот.