Нов скандал со пописот во дијаспората – друг веќе ги внел матичните броеви во апликацијата
Откако претходно се јавија проблеми во апликацијата за попис на дијаспората, повторно во јавноста излегоа информации за нејзини недоследности. Имено, неколку лица алармираа во јавноста дека при обидот да ги внесат своите податоци во апликацијата, добиваат известување дека нивните ЕМБГ се веќе внесени.
Од директорот на Државниот завод за статистика се’ уште нема никакво објаснување за ваквиот сериозен пропуст.
Претходно, апликацијата беше критикувана во јавноста дека не проверува матични броеви и може лесно да се изврши упад во системот, за што директорот Симовски одговори дека за тоа кривично се одговара.
Сомнежите ги засилува и фактот дека во процесот на попишување во дијаспората преку апликацијата учествува и бугарската фирма Скејлфокус, која својата услуга ја понудила како донација. Во моментот менаџер на СкејлФокус Скопје е Софче Јовановска, поранешна советничка во кабинетот на некогашниот вицепремиер за економски прашања Кочо Анѓушев.
Како тоа? Пробувам да се попишам прв пат! pic.twitter.com/mr9qYrlzsl
— Приказна (@Prikazna1) March 14, 2021