Левица: Никаде не е предвидена одговорност доколку попишувачите заразат граѓани
„Директорот на Државниот завод за статистика (ДЗС), Апостол Симовски, во изјава дадена за медиуми истакна дека пописот ќе се спроведе по протокол и со запазување на пропишаните мерки за заштита.
Во однос на протоколот за заштита сакаме да го истакнеме следното:Протоколот за превентивни мерки при спрвоведување на пописот на населението никаде не предвидува постапка што доколку попишувачот испадне позитивен на КОВИД 19 во текот на попишувањето. Имено, само во општите превентивни мерки се наведува дека доколку попишувачот појави симптоми на Ковид 19 ќе биде упатен на тестирање и ќе биде заменет со друг попишувач.
Ниту Протоколот, ниту Законот за попис на населението, ниту методологијата не предвидува ситуација што доколку попишувачот ги зарази граѓаните чии домаќинства ги посетил.
1) Дали во таква ситуација заразените граѓани ќе можат да го гонат кривично и попишувачот и Државниот завод за статистика согласно Кривичниот законик!?
2) Дали државните органи, кои по сила на закон се надлежни за спроведување на пописот, ќе ги покријат трошоците за болничко сместување и тестирање на заразените граѓаните од страна на попишувачот, со оглед на тоа дека законски ги присилуваат без нивна желба да учествуваат во процесот и свесно ги присилуваат да го стават во ризик сопственото здравје и здравјето на другите!?
Со вака слабо правно структурирана пописна легислатива не се спроведува попис ниту во селска задруга, а не пак на цела држава. Со оваа легислатива се крши чл. 39 ст. 2 од Уставот на Република Македонија и на сите инволиврани во процесот на спроведување на пописот во домовите ИМ СЕ СКРАТУВА ПРАВОТО И ИМ СЕ ОНЕВОЗМОЖУВА ИЗВРШУВАЊЕ НА СВОЈАТА ГРАЃАНСКА ДОЛЖНОСТ КОЈА ЈА ИМААТ ПО СИЛА НА УСТАВ – ДА ГО ЧУВААТ И УНАПРЕДУВААТ КАКО СОПСТВЕНОТО, ТАКА И ЗДРАВЈЕТО НА ДРУГИТЕ!
Следствено на тоа, свесно, злонамерно, сосема непотребно и со умисла се доведува во опасност здравјето и на попишувачите и на граѓаните во чиј што дом во моментот се спроведува пописот, без притоа да се предвиди одговорност на институциите. Ги повикуваме надлежните институции да не ги ставаат во незавидна ситуација граѓаните и да ги принудуваат да постапуваат спротивно на Уставот. Истовремено, бараме од институциите да се одважат и ДА ГО ОДЛОЖАТ ПОПИСОТ, онака како што тоа го сторија повеќе земји во регионот и светот, кои веќе прогласија планско и привремено одлагање на спроведување на пописите во своите земји, од половина година до година дена – како на пример: Србија, Бугарија, Романија, Германија, Ирска, Шкотска и др.
Со одложување на пописот нема да се изгуби ништо, бидејќи истиот може да се спроведе по смирување на пандемијата и кога ризикот по здравјето на граѓаните ќе биде минимален, а ќе се спречи можноста за заразување на огромен број на луѓе и создавање на КЛАСТЕР ПОПИС. Во ситуација кога во државата секојдневно има по 1000 новозаболени лица и по 20-тина починати, одложувањето на пописот е единственото решение што Владата треба и мора да го донесе доколку се грижи за своите граѓани.”
ИТНО ДА СЕ ОДЛОЖИ ПОПИСОТ ПО ПРИМЕР НА ДРГУГИТЕ ЗЕМЈИ ПОРАДИ РАСТЕЧКИТЕ БРОЈКИ НА ЗАБОЛЕНИ ВО ВРЕМЕ НА…
Posted by Левица – Правен сектор on Monday, 15 March 2021