Левица не удира по црквата, туку по оние што се богатат од црквата!
Статус на Давид Златанов – претседател на Црвена Младина.
Да бидеме на јасно за ставот на Левица за верските заедници. Пропагандата против Левица е се поголема, затоа што е единствена народна опција, во неа се впуштија и владиците. Сведоци сме на попови со џипови, владици милионери, попови со швалерки… а од другата страна праведни и сиромашни верници кои се на еден начин “експлоатирани” и замајувани од реалноста од страна на црквата и нејзините водачи.
Исус рекол кој сака да тргне со мене нека остави се зад себе (да го раздели на народот кој нема), но тој понизен карактер не го гледам во поповите со џипови, иако има и исклучоци. Додека деца собираат пари за операција преку СМС, владиката вози џип од 100 000е тука јас не го препознавам христијанскиот карактер и правилата од библијата. Левица не е тука да удри по слободата на вероисповеста, туку е тука да удри тие што се богатат врз божјето име, секој верник и праведен човек би ја поддржал иницијативата на Левица, црквата од бизнис да стане место за духовно исполнување и морално учење. Функцијата на црквата треба да е морална и да го подучува народот на чесност, морал, солидарност, споделување…
Но тоа и самите верници не го гледаат и на самите нив им се гади од тоа што го прават таканаречните “водачи”. Исто така никаде не пишува дека сме против ѕвоното на црквата, туку за ограничување на звучността, правило кое ќе важи за сите вери. Затоа драги мои вие сте лицемерни со некаква борба со антихрист и сатанистичка Левица, вие се плашите за парите и за моќтта која ја уживата од колицијата СДС-ДУИ-ДПМНЕ на која и спроведувата политика и помагате да остане на власт веќе 30 години. Мечот на правдата доаѓа, вардете си ги џиповите до кога можете
Да бидеме на јасно за ставот на Левица за верските заедници. Пропагандата против Левица е се поголема, затоа што е…
Posted by David Zlatanov on Wednesday, 10 March 2021