ПразНО на Маршот
Пишува: Дарко Масларковски – член на ЦК на Левица.
Пред два дена се одржа протестниот марш за неадекватниот ФИСкултурен директор( НЕФЕР ФИСКУЛТУРИТИ учесник и организатор на ПРАЗиЈАДа) на културниот дом во Струмица – Антон Панов. Стотина културни дејци, работници маршираа од Ибни Пајко до Влада и потоа до Министерството на Култура. Жестоки говори и критики беа упатени до власта и начинот на партизирано раководење на институциите, поставувањето на некадарни, несоодветни па дури и смешни раководители на културни институции.
Мене многу ми засмета тоа што нашите струмичани добија толку мала поддршка од своите колеги и соборци од Македонија. На театар Комедија можеби им је смешно, за МНТ ова е ситна боранија, а во Драмски драма и штама.Па дали е ова само локален проблем? Системски е проблемот другари ! Додека одев да го стигнам маршот со мојата ќеркичка од Дебар маало кон Влада, видов неколку КУЛТУРЊАЦИ, како безгрижно си го пијат кафенцето, издотерани со трендовски очила за сонце. Не знаете ли дека има протест? Дали ќе ги поддржите вашите другари од фелата? Требаше да има минимум илјада грла и глави кои размислуваат исправно. Со дела и активизам се случуваат промените, не со кафе и лајкови, коментари на социјални мрежи.
Ме разочаравте бе другари, оти не дојдовте да го гаснете пожарот кај комшиите, а знаете и сами дека гори и вашиот покрив. Нека тече платичето, нека има за кафе, пивце и чорбичка, тоа не е моја борба, тоа не е моја работа, тоа не е мој интерес. За тоа не не бидува. Ние од Културата го водиме народот кон еманципација и напредок. Каде беа и гласните НГО сектораши ? Неправдата веќе не ги боли? Ова не е локален проблем на културниот дом Антон Панов од Струмица, ова е проблем на целата држава.
Нејсе, сакав само да ви кажам дека можеби во тие стотина уметници, присутен беше и оној вработен во фондот за здравство. ПразНО на МАРШОТ, ПРАЗно во душата, оти ги оставивте сами да се борат со ветерниците. Другарски поздрав и поддршка до сите присутни, а на отсутните да им се згорчи кафето и чорбичката. На здравје ПРАЗНА КУЛТУРА, на здравје ПРАЗНА МАКЕДОНИЈА.