Апасиев ги праша ВМРО-ДПМНЕ дали ќе го блокираат Законот за државјанство
Контроверзните измени за добивање државјанство со три сведоци утре се на комисиска расправа. Со ваквите измени, предложени од Алијанса за Албанците и Алтернатива, државјаните од поранешните југословенски републики, кои до независноста на 8 септември 1991 година живееле во Македонија, можат да добијат македонско државјанство само со изјави од сведоци, без да бидат приложени документи како доказ. Мицкоски пред два месеци најави дека за ВМРО-ДПМНЕ неприфатливи се вака предложените измени и дека амандмански ќе интервенираат за да тоа не дојде на пленарна седница и да се дискутира.
Пратеникот Димитар Апасиев реагираше на својот фејсбук профил дека утре е комисиската расправа за овие измени и јавно ја праша опозицијата дали ќе го спречат донесувањето на истите.
„Неодамна, вицепремиерот Љупчо Николовски рече дека парламентарното мнозинство ќе расте!? Претходно, Зијадин Села рече дека ако им го изгласаат контроверзниот ЗАКОН ЗА ДРЖАВЈАНСТВО (кој предвидува вештачко делење 80.000 македонски државјанства на Косовари) – тие ќе влезат во Влада!?
А уште попретходно, Мицкоски рече дека ќе го блокираат овој закон!? Епа, законот утре е на комисиска расправа у парламент и се носи по скратена постапка p.s. Да не ви треба помош за амандманите?” – напиша лидерот на Левица.
Неодамна, вицепремиерот Љупчо Николовски рече дека парламентарното мнозинство ќе расте!? Претходно, Зијадин Села рече…
Posted by Димитар Апасиев on Thursday, 4 March 2021