Левица: Огромни суми за сервис на прескапите нови градски автобуси во Прилеп
Точно 762,828.00 денари општински пари до сега се потрошени за одржување и санација на дефекти на новите градски автобуси, кои беа набавени пред само година и неколку месеци! И самата набавка беше скандалозна, со тоа што автобусите беа пресметани на околу еден милион евра.
Да биде скандалот поголем, фирмата која ги сервисира е Аутомакедонија А.Д. Скопје, истата фирма од која се купени четирите автобуси.
Ги прашуваме ЈП за ПУП, кои беа задолжени за изработката на тендерската документација дали и зошто автобусите немаат гаранција за квалитет за која и по закон следува?
Дали ова лудило тука ќе застане, или е само еден непрекинат извор на дополнителни средства, за кои ќе мора да плаќа народот на ионака нерентабилна служба која е катастрофално менаџирана и работи со загуби!?
Политичка Партија Левица – ЛО Прилеп
ОГРОМНИ СУМИ ЗА СЕРВИС НА ПРЕСКАПИТЕ НОВИ ГРАДСКИ АВТОБУСИ ВО ПРИЛЕП Точно 762,828.00 денари општински пари до сега се…
Posted by Левица – Прилеп on Saturday, February 27, 2021