Актуелно

Младите емигрираат од Македонија, за мене бегството е кукавички потег!

Викаат младите емигрираат, желбата за подобро утре ја бараат надвор од МАКЕДОНИЈА. За мене бегството е кукавички потег, себичен и недостоен. Борбата за подобро утре треба да ја водиме тука, каде нашите предци го дале нивниот живот за подобра иднина на нивниот потомок, и самостојна Македонска држава во која сега живееме. Да бегаш е исто како да се предадеш, се плашиш да се соочиш, да го изневериш сето она кое се градело стотици години и да го препуштиш во рацете на оние кои единствена цел, им е да профитираат и се стекнат со пари, слава и моќ.Стравот од неуспех и неверието за перспективна иднина само може да не доведе до тоа, распад на државата, бришење на нацијата и претопување во некоја друга нација. Треба да си ја сакаме и негуваме нашата култура, традиција, јазик, вредности, идентитетот. Битката на младите за создавање на перспективна држава, во која ќе имаме слобода и секој ќе биде среќен започнува сега. Нашиот глас се слуша се повеќе, револтот ќе го кажеме преку улиците а идеата ќе ја оствариме со работа и надградување. Конечно Македонија и народот ќе може да тргнат на патот кон подобро општество во кое сонцето повторно ќе изгрее а знамето од ново ќе се вее!

Секој кој ќе остане тука, се бори и активира за промена на овој сегашен хибриден режим, верувам дека во иднина неговите потомци ќе бидат горди и ќе ја слават жртвата дадена за безгрижно општество во кое тие ќе живеат. Секоја идеја прво се остварува во главата на еден човек, потоа со силна верба се реализира. Нема ништо посилно од вербата за успех и работа на тоа! Затоа ние младите, ќе учиме од грешките кои историјата ни ги посочува. Истата таа историја која сакаат да ја погубат, отпишат. Таа не учи за процесот и развитокот на создавање здрава и силна држава за која мечтаеме. Празнините од нашето детство, образование, здравство, изгубените другари, сите тие празнини не тераат се повеќе да се активираме, да превземеме се во наши раце и да го кренеме нашиот глас.

Новите генерации ќе го променат светот, светот во кој водилка и патоказ се парите,славата и моќта, и ќе постават нови стандарди во кои ќе владее сплотеноста, радоста и позитивата. Со овие мои зборови ве повикувам да се приклучите во ЦРВЕНА МЛАДИНА и ЛЕВИЦА, заедно да се бориме за нас и нашата иднина.

Другарски поздрав,
Гаврил Трајковски.

Викаат младите емигрираат, желбата за подобро утре ја бараат надвор од МАКЕДОНИЈА. За мене бегството е кукавички потег,…

Posted by Црвена Младина on Tuesday, February 23, 2021