АктуелноЛокално

Цената за слободата на Мијалков е устоличување на Северна

Додека не стивнуваат реакциите за бегството на поранешниот директор на УБК, од министерот за внатрешни работи Спасовски нема никаква официјална изјава. Од Движењето за социјална правда Ленка објавија изјава на премиерот Зоран Заев, каде потврдува дека Мијалков зборувал со осумтте пратеници на ВМРО-ДПМНЕ, без кои насилната промена на уставното име не ќе беше возможна.

„Сашо Мијалков зборуваше со пратеници заради тоа што верува во тоа решение. Тоа го кажуваше на сите, јавно се зборува во Скопје, насекаде, дека тој зборувал со пратениците. Седел со нив, ги охрабрувал, лично верувал“, изјави тогаш Заев.

Уште една “бомба” која беше објавена изминатиот период ги потврдува преговорите помеѓу Сашо Мијалков и Зоран Заев. Во објавениот разговор, Заев преку Мијалков бара во општина Струмица да прекинат сите постапки на финансиската полиција. Во објавената снимка, соговорникот тврди дека Мијалков е спремен за договор.

„Нека пушти писмено решение финансиската полиција дека во општина Струмица прекинуваат сите постапки на контрола и не е пронајдено ништо. Нека повлечат сѐ со решение и нема да објавам ништо.” – вели Заев во снимката.