АктуелноЛокално

Левица: Во контејнерите на Тетовската Болница се гори медицински отпад

Реакција на Левица – ЛО Тетово

Тетово има реален проблем со медицинскиот отпад и како да е правило околу болницата да се забележи медицински расфрлан и од никого контролиран отпад.

Крвави шприцеви, игли, епрувети со крв, инфузиони раствори се извор на зараза и се опасни по здравјето на луѓето. Наместо во посебен отпад завршуваат во обични контејнери и расфрлани во близината на медицинскиот центар во Тетово.
Згора на тоа се палат без притоа да се води сметка за последиците!

Наместо да се гори, тој треба да се стерилизира и депонира на соодветно место. Вака опасностите од зарази, бактерии, инфекции, брзо се распрскуваат по улиците, меѓу минувачите и до домовите на тетовчани, а пак тие “назад” кај неодговорниот персонал во тетовската болница!

ЛО Левица Тетово бара согласно законот за квалитет на амбиенталниот воздух да се поведе прекршочна постапка од страна на надлежните органи.