АктуелноЛокалноСтав

Aпасиев: „Внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа“

Димитар Апасиев, лидерот на Левица, во фејсбук коментар напиша дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа:


„Ај нека му објасни некој на професорон шо магистрирал, докторирал и се вработил кај татко му на Машински, дека внесувањето етничка припадност во личните карти е дел од Тиранската платформа и завршна фаза од проектот за комплетна ДЕМАКЕДОНИЗАЦИЈА на Републиката! Изедначувањето на македонскиот народ, кој преку вооружена антифашистичка војна дошол до своја (а не туѓа) држава, со обична „етничка заедница“ е чекор плус кон идна федерализација и поделба на државата, затоа што со тоа и се одзема државотворниот конститутивен статус на нашата нација и се сведува на една од многуте „заедници“ кои живеат на оваа територија 😉

Со тоа, Република Македонија престанува да биде национална држава на мнозинскиот македонски народ и на малцинствата, онака како што сакале нашите основачи на АСНОМ, и станува лабава творевина – (полу)протекторат, составена од неколку етникуми!? Ама, за да го сконташ ова, треба да имаш политички сенс и правно-политолошко теоретско и практично знаење, а не од обичен анонимус во енергетската политика, да бидеш подметнат од Грујо на конгрес за „лидер“.“