Охрид на листата на скриени богатства на магазинот FORBS
Паралелно додека ние се бориме со безидејноста на власта која го руинира нашето најголемо културно и природно благо – Охрид, а кој според новиот нацрт-документ на УНЕСКО сме на добар пат да се впише на Листата на Светско природно и културно наследство во опасност, познатиот бизнис магазин FORBS, Охрид и Македонија ги вклучува во нивната листа на „шест скриени дестинации што можете да ги додадете во вашата листа на патувања во 2021 година“.
„Постојат национални паркови од листата на УНЕСКО, драматични планини и прекрасни езера. Охридското езеро и истоимениот град се едни од најживописните опции за патување на Балканот“, велат во краткиот текст посветен на Охрид, кој е во листата заедно со егзотични места низ светот како Гренланд, Шведска Лапонија, Катар, Габон и Хокаидо!
Списокот на светско наследство на УНЕСКО вклучува места со исклучителна универзална вредност кои исполнуваат барем еден од десет културни или природни критериуми, а регионот на Охридското Езеро исполнува четири. Но, и покрај ваквиот потенцијал, очигледна е индилентноста на власта и немањето интерес да се зачува нашето најзначајно природно и културно богатство. Очигледно е дека се нема една единствена визија, ниту усогласеност, а сето тоа на сметка на деградација на културните вредности и комплетно запуштање на културното наследство.