Македонски музички изданија на листa за најдобри албуми во регионот

Текстот е преземен од nomads.mk

Како и минатата година така и оваа македонската амбиент/дрон/експериментална музичка сцена беше прилично плодна и продуктива. Се издадоа преку 40 изданија во рамки на експерименталните и електронски жанрови, на најразлични носачи на звук и во различни формати, а исто така беа забележани и доста траки поместени на компилации.

Дел од овие албуми се најдоа и на Ex-Y Ambient & Drone Chart 2020 на регионалниот музички магазин popscotch.org кој секоја година прави листи и обработува изданија од екс ЈУ просторите, што повторно ја потврди свежината и живост на оваа мала сцена.

„Како дел од втората ретроспектива за 2020 година, го истражуваме богатството на различни спектри на амбиентална музика и дронологија во регионот. Од евоцирање на најкревката меланхолија и сеќавања, преку разгледници од замислени пејзажи, звучни записи од дневнична чувствителност, сублиминални ленташки манипулации, резонантности на мали тоналитети, церемонијални ноиз миси, ви претставуваме 10 изданија што нè направија најсреќни и го исполнија нашето монотоно секојдневие во годината на пандемијата“ – гласи воведот пред овој чарт.

Токму во рамките на оваа листа за минатата година се најдоа изданијата на групите/проектите Post Global Trio, а на листата беше поместен нивниот албум Naturans Naturata (издаден на Шведскиот издавач Lagerstaette), Amplidyne Effect со албумот Asimetrika (издаден за неговиот лабел AMPEFF), дуото Private Mountain со албумот СТРАТУМИ (издаден за нивниот лабел Élan Vital) и краткото деби self-released издание на hum – a short dream about boris.

Албуми на овие групи и проекти беа вклучени на оваа листа и минатите години, што е показател за нејзиниот регионален, па и интернационален успех.