АктуелноЛокално

Стружани без вода – Водоводот тврди дека хидроелектрана е проблем

Водата во Струга забранета за пиење. Осум дена од чешмите тече загадена вода проблем кој се провлекува години нананазад, во одредени периоди имаат недостиг од вода, на моменти е со сомнителен квалитет и мирис а сега поради обилните врнежи од дожд кои изминативе денови го зафатија Струшкиот регион водата е матна.

Стружани на социјалните мрежи реагираат и се жалат дека проблемите со водата за пиење повеќе не се издржуваат, а револтот пред еден месец го изразија преку мирен протест.

„Како не ви е срам водата од водоводот во Струга веќе 8 ми ден е загадена! Време е некој да поднесе одговорност.Водата ни е забранета за пиење но и за хигиенски потреби. Дефинитивно ја претеравте!“, пишуваат граѓаните на социјалните мрежи.

Од јавното претпријатие Водовод и канализација велат дека е една од причините за ваквата состојба е лошата хидролошка состојба, но и изградените мали хидроцентрали кај изворите кај Горна Белица.

„Компанијата која ги води мини електраните користи повеќе вода за да произведуваат повеќе енергија. Имаме барано средба со нив, испративме допис до нив да преземат мерки, има и опомена пред тужба и доколку не одговорат ние ќе им го раскинеме договорот и тие објекти од таму ќе се отстранат“, вели Дашмир Насуфи, директор на ЈП „Водовод и канализација Струга“.

Од Центарот за јавно здравје, потврдија дека водата во струшко сеуште е бактериолошки неисправна според последните микробиолошки испитувања и забранета за употреба.