АктуелноЛокално

Светска банка во најновиот извештај го демантира Заев

Светска банка во најновиот извештај прогнозира раст на македонската економија од 3,6 отсто во 2021 година и 3,5 отсто за 2022 година.

Според Светска банка, растот во Западниот Балкан се очекува да се забрза до 3,5 отсто во оваа година. Со напомена дека овие проекции се базирани на претпоставката дека ќе има услови на враќање на довербата на потрошувачите и на бизнисот, како и намалување на политичката нестабилност.

Ова претставува драстично помал раст од очекувањата на владата на Заев кои самиот буџет го проектираа врз очекуван раст од над 4 проценти. Од другата страна на оптимистичните изјави на премиерот за „квантен економски скок“ исто така е и енорминиот јавен долг чие сервисирање станува не одржливо.

За земјите од регионот, Светска банка предвидува раст на БДП на Албанија од 5,1 отсто во 2021 година, на БиХ – 2,8 отсто, на Бугарија – 3,3 отсто, на Хрватска – 5,4 отсто, на Косово – 3,7 отсто, на Црна Гора – 6,1 отсто и Србија – 3,1 отсто.

Во полугодишниот извештај „Глобал Економик Проспектс” (Global Economic Prospects), прогнозата за раст на БДП во регионот е 4,4 отсто во Албанија, 3,5 отсто во БиХ, 3,7 отсто во Бугарија, Хрватска – 4,2 отсто, Косово – 4,9 отсто, Црна Гора – 3,9 отсто и Србија – 3,4 отсто.