АктуелноЛокалноСтав

Апасиев со повик до Албанците: Сега е моментот да застанете до нас

„Драги сограѓани АЛБАНЦИ. Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички Македонец и тој, во име на сите Албанци, да преговара со Република Турција за тоа дали Скендер Бег е Албанец или Турчин!?

Дали ќе се осеќате пријатно? Дали тоа нема да ве фрустрира? Е токму тоа нас ни го прави Бујар ОСМАНИ од ДУИ!

Во име на Македонците преговара со Бугарите што биле Кирил, Методиј, Климент, Наум, Самоил, Гоце… Со кое право? Со чие полномошно?Затоа, драги сограѓани Албанци. Сега, во овие драматични моменти, кога дрско и тајно се распродава нашиот идентитет во Софија, сега е моментот да го осудите Османи и да застанете рамо до рамо со нас, вашите вековни комшии!

Смрт на фашизмот, слобода на народот!


Драги сограѓани АЛБАНЦИ. Замислете ваква ситуација: Република Албанија да има министер за надворешни работи етнички…

Posted by Димитар Апасиев on Tuesday, 1 December 2020