Либералната vs анти-империјалистичката левица
Порано, пред околу 10-тина години, во пионерските денови на анти-капиталистичката левица, имаше многу т.н. лајф стајл анти-капиталистички левичари: од анархисти, маркисти, ленинисти, па се до хоџаисти. Многу од нив си заминаа од државава, ама еден дел од нив го завзема просторот на „независни“ левичари, како дел од владејачката елита околу Социјал-демократскиот Сојуз на Македонија. И во периодот кога овие ликови се адаптираа во целата таа НГО структура – чија база и ден денес е задржана, со мали измени на нови крцкалчиња – имаа многу шизофренија во нивните политички стојалишта, па и културата, како надградба (на базата) која ја ширеа.
Но, со стапување на сцена на генерацијата после нив; под влијание на дијалектичкиот однос помеѓу ширењето/притисокот на империјализмот на глобално ниво и неговите инсталации на локално/национално ниво, политичката практика на анти-капиталистичката левица развивајќи се, се одвои од ваквите ревизионистичко-либерални влијанија, си обезбеди засебен простор на политичката сцена ширум посебните политичко-административни целини, простор кој секјдневно малку по малку го освојува.
Сепак, регресивните сили и либерално-ревизионистичките влијанија сѐ уште го матат просторот помеѓу идеолошката шизофренија на социјал-демократијата од една страна и јасната анти-капиталистичка и анти-империјалистичка левица, од другата страна. После се, помалку жал ми е кога гледам, на пример профил каде, политичко-филозофски интерпретирани постови, од прилика, редум одат на следниов начин:
– Слика од Црвениот плоштад после Болшевистичката револуција;
– Коалиција Маргини;
– Републиканска анти-Кина пропаганда;
– Che – an icon
– Диктаторот Стаљин кој убил 2 милјарди народ, селаните умирале по улици, се беселе на сливи работници…
– President Guaido, d e m o c r a c y!
– We shut make pressure, more pressure to Iran.
– Слика со Палестинка на врат, али поддршка и воодушевување на израелскиот амбасадор кој, не знам ти со каква симполика, праел стој на раце!?!?!?!?!?
– Прво-мајски проглас на Хелсиншки комитет :))))
– Хард-кор Ленин (Империјализмот како највисок стадиум на капитализмот):
– „Слушајго Венко„?!?!??!
– Комеморација на Samora Machel, revolutionary socialist, independence leader against Portuguese colonialism and first President of Mozambique,
– Gaddafi and Assad should go!
– За Преспански дговор и Европска Македонија
– Зоран Кардула слика: Смрт на фашизмот, слобода на народот 1941-2020.
Порано, пред околу 10-тина години, во пионерските денови на анти-капиталистичката левица, имаше многу т.н. лајф стајл…
Posted by Реџеп Исмаил on Friday, 20 November 2020