АктуелноЛокално

Ден на ослободувањето на Прилеп

Ослободувањето на Прилеп е дел од завршните операции за ослободување на Македонија во Втората светска војна. Во мугрите на 3 Ноември почнал последниот напад за ослободување на Прилеп, со последните фашистички истрели од кај гробиштата и Варош кои набргу запреле. Околу седум часот се слушнала и последната детонација, кога биле активирани мините под Ленишкиот мост. Тоа е последната акција за Прилеп по која градот е ослободен од фашистичкиот окупатор.

Најтешката задача ја имал Третиот баталјон, правејќи жртва, настојувал да зароби што повеќе фашистички војници. Во последните два дена Прилеп дал 78 жртви, херои на Народно-ослободителната војска на Македонија. Германците и Бугарите претрпеле 160 жртви и стотици ранети и заробени.

Но, денес во градот Прилеп како и на цела територија, сепак не владее слобода. Можеби не со пушки, но под плаштот на „странски инвестиции“, кои директно го експлоатираат нашиот народ, како и квислиншки билатерални договори, преку кои директно се рушат националните интереси, империјализмот е длабоко навлезен во Македонија.

Затоа борбата продолжува!
СМРТ НА ИМПЕРИЈАЛИЗМОТ!
СЛОБОДА НА НАРОДОТ!


Објава на Левица ЛО – Прилеп.