Снимка на генерал Апостолски: Се боревме со тие што тврдат дека сме Бугари
На социјалните мрежи беше споделена кратка аудио-снимка од легендарниот генерал и прв редовен член на МАНУ – Михајло Апостолски. Генералот раскажува за борбата меѓу партизаните и бугарските фашисти за време на Втората светска војна.
„Секоја чука на Плачковица е забележана со борби и тоа баш против Бугарите, против тие што денеска тврдат дека сме Бугари. А кој може сам против себе да се бори?
Новинарот: Ако сме Бугари… па зошто тие влегоа?
Генерал Апостолски: Ако сме Бугари… Тоа… Јас затоа инсистирам не да подигаме големи споменици , него плоча на која ќе биде обележано местото, со кого кој се судрил и време кога се судрил.
Новинарот: Другар Апостолски, ви благодариме за гостувањето во оваа наша емисија.”