Ако генерацијата на АСНОМ создаваше – новата генерација го приватизираше државниот капитал
Првата државна пошта на територијата на Македонија турските власти ја отвориле во Битола (1843), а неколку години подоцна пошти биле отворени во Скопје и во Штип. По Втората светска војна поштите во НРМ биле обновени, со одлука на АСНОМ.
Во СРМ, ПТТ доживеала сестран развој, особено во периодот 1976–1985, кога се изградени капиталните поштенски објекти во поголемите градови на Македонија. Во периодот од 1991 до 1995 биле отворени нови меѓународни поштенски линии со соседните земји, опремен главниот поштенски центар во Скопје за вршење на меѓународен сообраќај, интензивиран процесот на автоматизација на шалтерското работење во единиците на поштенската мрежа итн.
Согласно Законот за поштенски услуги, со поделба на ПТТ на 1 јануари 1997 се формираат две јавни претпријатија – Македонска пошта и Македонски телекомуникации. Македонска пошта има повеќе од 2000 вработени и над 300 единици на поштенска мрежа на целата територија на Република Македонија. Со поставување несоодветни партиски кадри, оттогаш наваму, сета таа организирана структура пополека се девалвира, за да го достигне дното под водство на кадрите на ДУИ.
Сега, сета таа децениска неспособност и лошо управување кои државата ја чинат огромни суми пари од даночните обврзници, се амнестира со фразата дека јавните претпријатија не се конкурентни, без притоа некој од тие раководители кривично да одговара за нанесените штети. Дополнително, нерешени грабежи на пошти и возила, сомнителен пожар на централната зграда. Ако генерацијата на АСНОМ создаваше или развиваше, генерацијата на Зоран Заев. Никола Груевски, Али Ахмети, Радмила Шеќеринска, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски ќе остане позната по приватизирање на државниот капитал и најголемите (или круцијални) јавни претпријатија.
Новите сопственици вршат реорганизација, намалување на вработените, кратење на секундарните дејности и за брзо време дотогашните загубари стопанисуваат со успех. Нашите политичари овие претпријатија ги користеа, и сè уште, ги користат како место за вработување партиски кадри. Дури се приватизираат и продадат. Загубите веројатно ќе ги преземе новиот партнер или сопственик. Влада на Република Македонија, на вчерашната седница „ги задолжи заменикот на претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, министерот за економија и директорот на Национални пошти да иницираат поодготовка на физибилити студија за можностите за отпочнување на постапка за преземање на компанијата со јавно приватно партнерство или со приватизација за да продолжи процесот на либерализација на поштенските услуги во земјата согласно регулативата на ЕУ.“
Во својата изјава, премиерот денес кажа дека „земјите со кои се натправаруваме се со приватни пошти или со пошти со доминантно приватен капитал“ – само да го потсетам дека словенската Пошта е друштво со ограничена одговорност во 100% сопственост на Република Словенија, хрватската Пошта е државно акционерско друштво, Поштата во Грција е државно поштенско претпријатие, ЈП „Пошта Србије” е јавно претпријатие во државна сопственост, „Български Пощи“ e државно акционерско друштво, исто како и поштата во Албанија, Поштата во Босна и Херцеговина е друштво со ограничена одговорност во државна сопственост.
ПТТПрвата државна пошта на територијата на Македонија турските власти ја отвориле во Битола (1843), а неколку години…
Публикувахте от Valdamarr Sveinaldsson в Сряда, 14 октомври 2020 г.