АктуелноЛокално

Бугарија почна со блокада за Македонија

Информациите од Софија според кои Македонија нема да почне преговори за ЕУ доколку не ги прифати сите барања ги потврдува и дописникот на Euronews од Албанија – Ернест Бунгури. Тој открива дека Бугарија бара специјално поглавје во кое ќе се гарантира Договорот за пријателство.

„Македонија е блокирана затоа што Бугарија бара специјално поглавје – гаранција за Договорот за пријателство, а сите други се против. Албанија има шест предуслови кои треба да ги исполни наредниве месеци. Во секој случај, германското претседателство со ЕУ не може да ги оствари своите цели до октомври.”, пишува дописникот на Euronews.

Според извори во Софија, Бугарија бара посебен документ со кој ќе се гарантира спроведувањето на Договорот или во спротивно ќе го блокира формалниот почеток на преговорите, кој според најавите треба да се случи во декември. Во тој документ, Македонија ќе треба да ги прифати сите бугарски барања кои се однесуваат на историјата, Гоце Делчев, нарекувањето на бугарската војска како фашистичка и сл.