АктуелноЛокално

Изгласан спорниот ДУП за кој Кичеец зема 300.000 евра од Дака-Давидовиќ

Само неколку денови по формирањето на новата власт, проследено со низа контроверзии, Советот на Општина Тетово предводен од коалиција СДСМ и ДУИ го изгласа спорниот детален урбанистички план кој се наоѓа на местото на поранешниот гигант ШИК Јелак. Со овој ДУП се предвидува градба од 230 000 метри квадрати, што значи околу 2 000 нови станови во Тетово и бизнис вреден 20 милиони евра.

Сопственик на објектите на поранешен ШИК Јелак, како и земјиштето на кое ќе се гради е контроверзниот црногорски бизнисмен Миодраг Дака- Давидовиќ кој стана познат од разговорите каде му нуди на Кичеец 300 000 евра со цел да му се завршат работите, а дополнително ветува 2 000 метри квадратни земјиште и 2 милиони евра доколку се дозаврши работата поврзана со ШИК Јелак Тетово. Во разговорите се слуша дека Давидовиќ бил во постојана комуникација со Драги Рашковски, а имал и средби и со Зоран Заев.

Вчера Апелацискиот суд делумно ги уважи жалбите на обвинетиот Зоран Милески во случајот „Рекет“ , со што одлуката за одземање на имотот ја укина и предметот го врати на првостепениот суд на повторно постапување и одлучување.