Транзициските профитери ги менуваат ставовите согласно бизнис-интересите
Олигарсите и транзициските профитери го искористуваат правото за нивна моќ и надвласт врз работникот, нив не ги интересира правдата, ги интересира нивната општествена положба и опстанокот на нивните бизниси базирани врз правни нерегуларности. Создаваат имот црпејќи ја државата и народот. Ги менуваат своите ставови во зависност од нивните бизнис-интереси, а тоа ја покажува нивната неморална вредност.
Прават сѐ за нивните имоти да растат, а основната егзистенција (платата) на работникот да стагнира и тоа се со цел да се зголеми можноста за уцена врз работникот – бидејќи тоа е неговото единствено нешто што го одржува жив во суровиот македонски капиталистички систем. Сакаат да ја уништат државата, народот, гласот на народот да не постои. Создадоа Престапна држава предводена од неразумни и импулсивни лидери, држава со нестабилен политички систем. Видете ги нивните политички изјави, нема никаква конзистентност и цел, сѐ е дневен интерес, го разурнуваат правото, а воедно и тие и го носат истото. Најтрагичното е што зад нив стојат цели правни тимови кои замижуваат на сето ова.
Целиот свој механизам го насочиле врз Левица бидејќи сега им е трн во око, бидејќи оној угнетен работник доби свој глас во Парламент, бидејќи станавме се погласни, бидејќи не замижавме на сѐ она што тие подмукло го правеа. Нив да им ги скратите парите нема да знаат како да функционираат, но нас не не плаши сиромаштијата! Ние сме ја доживеале, не можете да ни претите преку неа. Немате оружје против нас. Народот ќе расте, Левица ќе расте. Подгответе се да платите за сѐ што сте направиле, ќе почувствувате како се применува право кое води кон правда.