Во одговор на Џабир Дерала: Црните, сивите и белите ѓаволи
Македонскиот парламент се збогати со нијансата на црното уште во 2002 година по парламентарните избори истата година кога балистичката ОНА постана парламентарна партија. Тоа е сепаратистичка организација која за кратко време по своето формирање како политичка партија, орвеловски метаморфозираше во сушта спротивност на својата идеологија – Интегративна. Зад маската на европската нијанса на синото беше скриена уште топлата црвена нијанса на убиените македонски државјани. Денес, тие можат да се пофалат дека од црните се поцрни ѓаволи затоа што уште топлата црвена нијанса на жртвите на нивниот терор коагулирала во нијансата на црното со Законот за амнестија на борците на ОНА од 2002 година, а во 2011 година со „автентичното“ (квази-научно, политичко, силеџиско) толкување на член 1 од Законот за амнестија овие црни ѓаволи добија нијанса на сивото и оттогаш во очите на меѓународната заедница се етаблираа како политичка партија со идеологија за „заштита на правата на Албанците“. Чуму им е на Албанците оваа „заштита на нивните права“ кога „интегративците“ ги атомизираа по белиот свет заради егзистенција?! Ова е кристален доказ дека „заштитата на нивните етнички права“ не го заштитиле нивното право на егзистенција во родното поднебје освен правото на егзистенција на мафијата од „интегративци“ која успешно го експлоатира и манипулира со чувството на етничка припадност на нашите албански сограѓани!
Маркс уште пред скоро цели два века докажал дека: „Кој со категориите на капитализмот ја гради зградата на некој идеолошки систем, тој ги разединува членовите на општествениот систем. Тој тогаш секој член на општеството го преобразува во одвоено општество, а потоа овие одвоени општества истапуваат едно по друго“. Во многу разговори со работници (Македонци), тие кажуваат: „Нека бидам и Србин, и Бугарин или било што само дај ми да заработам доволно.“ Оваа нивна изјава нè враќа во антички Рим (Ubi bene ibi patria = Каде ми е добро тука ми е татковината). Само глуп човек и кој е расипан до злосторство, како Џабир Дерала и Али Ахмети, може да тврди дека тоа не е точно и да го става правото на етничка припадност над правото на класна припадност! Зарем тоа не го потврдуваат стотиците илјади Македонци и Албанци кои мораа да ја напуштат својата „суверена и независна држава“ и да побараат кај „гнилите капиталисти“ леб, не мислејќи повеќе или не можејќи да се вратат. Тие таму ќе постанат Германци, Французи, Американци, Италијанци, Швајцарци и сл., а од рамноправноста на Ахмети и Зијадин Села меѓу македонската нација и албанскиот етникум нема ништо! Таа е фраза, флоскула, празен збор за измама на наивни, очајни сограѓани, Македонци или Албанци, независно! Животот го покажува тоа и докажува дека и регрутираните млади борци на ОНА и бранителите на македонскиот Устав залудно жртвуваа крв!
Буржоаската „демократија“ си остана „демократија“ на буржоазијата. Како што и изјавил еден од водачите на јакобинците Жан-Пол Мара: „Дали политичката слобода им служи на оние кои немаат леб? Таа вреди само за теоретичарите и амбициозните политичари.“ „Теоретичарите“ како Џабир Дерала и амбициозните политичари како Али Ахмети. Пет години по „Шарената револуција“ и три години откога „животот дојде“ можеме сосема веродостојно да го дадеме заклучокот на Мара: „На сцената на нашата нација ништо не се промени. Интригите и махинациите остануваат истите… денес, основните актери се кријат зад завесата каде тие ги манипулираат со леснотија оние кои ве претставуваат. Повеќето од овие актери веќе исчезнаа, но се појавија нови да ги играат истите улоги. Револуцијата никогаш нема да успее ако ниските класи се оставени сами да се борат против високите класи. Се разбира, во моментот на востание, народот ќе смачка сè пред себе, но бенефитите што ќе ги добие тој секогаш ќе ги губи на крајот, бидејќи му недостига интелигенција, култура, богатство, оружје, водачи и стратегии и нема средства за одбрана од заведувачите полни со итрина, лукавство и трикови. Иако едуцираните луѓе и богаташите се здружија со ниските класи против деспотот, сепак тие ќе се свртат против народот откако ќе му всадат доверба и ќе му ја искористат силата да се постават на местото на деспотот и привилегираните. Револуцијата беше изведена и одржана од ниските класи на општеството – работниците, занаетчиите, ситните трговци, земјоделците, од бедните кои бесрамните богаташи ги нарекуваат отпад и кои римските патриции дрско ги нарекуваа пролетери. Но, кој воопшто ќе се сетеше дека револуцијата ќе завршеше со устоличување на ситните земјосопственици, правници и бизнисмени. Денес, после три години бескрајни говори и потоп од памфлети народот сепак е сè уште далеку од осознавање на фактот дека треба да дава отпор на своите угнетувачи уште повеќе од првиот ден на револуцијата. Тогаш тој ги следеше своите инстинкти, сега, погледнете го, оковен во името на правната држава и тиранизиран во името на правдата, народот стана роб на уставот!“ (L’Ami du Peuple, бр. 667, 7 јули 1792)
Ништо нема да ги промени принципите на „црнокошулашот“ Апасиев. Дури да му ставете нож под грклан – со сета ваша канонада од клевети, измислици, лаги и кривични пријави против неговиот лик и дело – тој сè уште ќе вели дека сиромашните се реалните обесправени наши сограѓани, и дека овие сиромашни граѓани се темел на целото македонско општество на кое јава Курто или Мурто, во зависност од политичките неприлики или прилики на ривалскиот картел во мафијата. Левица грловито и категорично ви кажува дека време е богаташите, себичните луѓе, безделничарите од јавната машинерија на политичките елити да бидат корисни, да си плаќаат данок на новата додадена вредност сразмерно на стапката на експлоатација, без обѕир дали тие сакаат или не, а со тоа да им се даде малку одмор и достоинство на корисните и почитувани работници, Македонци и Албанци.
Колку Дерала е образовно игнорантен и нечесен соговорник ни кажува неговото клеветење против Апасиев кога му го импутира говорот на Робеспјер како негов за кој изјавува дека тоа е еден од „најкрволочните говори што сум ги слушнал во современата историја“. Спротивното може да се каже за говорот на Апасиев, едноставно, со изгледување на видео записот на неговиот говор одржан кога тој бил трета година студент на Правниот факултет во Скопје. Дерала мора доследно да го чита Апасиев, оти идеите на еден автор не може да се дознаат со искривоколчување и сакатење пасуси, туку со читање на контекстот, па дури тогаш може да се расудува за неговите намери. На крајот, кога Дерала зборува за „сквернавење“ на знамето на ЕУ од страна на Апасиев со „својот“ кроволочен говор, зарем тој ист Дерала не знае дека темелите на либерална и капиталистичка ЕУ се поставени со чистење на Авгиевите штали на феудална Европа преку првата тотална војна на револуционерниот диктатор Наполеон?!
Единствената „партија на кољачи“ е таа на „белите ѓаволи“ од ДУИ. Ниту еден закон за амнестија не може да ја испере крвта од рацете на овие воени злосторници, а денес пресоблечени во кравати и сомотни бели кошули. Да се толкува логото на Левица како „петокрака во чие средиште е тупаница од која излегува стилизиран нож“ е на ниво на кривично дискредитирање, шарлатанство и историски ревизионизам споредлив со некои либерални фалсификатори на историјата кои се обидуваат да ја изедначат црвената петокраката со нацистичкиот кукаст крст. Поради тоа што Дерала премолчува за „десничарскиот екстремизам, антисемитизмот, ултранационализмот, милитаризмот и неофашистичките идеи“ на Ахмети и Села, нема зошто да не помислиме дека тој е еден од модерните активисти за „права и еднаквост на етничките заедници“ кои постанале такви сикофанти што сакаат на својот газда Сорос да му продадат дека производствен труд е и тоа кога некој му ги чисти вошките или му го дрка дртиот кур, бидејќи ова последното ќе му ја направи неговата тапа глава идниот ден порасположена за бизнисот од „филантропија“.
Aпасиев „се служи со груб, недоквакан и вулгарен јазик, во кој нема ни малку стил, еден јазик на улицата кој нема допирни точки со тоа што може да го подразбира една позиција каква што е професор на факултет“, затоа што тој во политиката не настапува како факултетски професор кој ќе паламуди флоскули на политичка коректност, туку настапува како defensor plebei или l’ami du peuple чиј стил на изразување радосно ме потсетува на француските револуционери Жак-Рене Ебер и Жан-Пол Мара. Наполеон Бонапарта во една прилика за „обвинувачкиот јазик“ на Мара има кажано: „Го сакам Мара бидејќи тој е искрен: Тој секогаш го кажува тоа што го мисли.“ Aпасиев стана глас за работничката класа на Скопје преку неговиот извонредно успешен и влијателен профил на социјалната мрежа Фејсбук, користејќи „народен јазик“, чии анегдоти се духовити, контемплативни и кои симетрично пулсираат со она што го чувствуваат македонските работници, а не можат да го изразат преку буржоаските мас-медиуми. Бидејќи „неугледната фигура“ на Апасиев ги одразува говорот и стилот на облекување на својата публика, неговите читатели ја слушаат и ја следат неговата порака. Апасиев е гнев, гневот на правдата на народот и затоа го слушаат и веруваат во него. Овие крици на узбуна и бес што ги сметате за празни, се најнаивните и најискрените изрази на страста што ја гризат неговата душа! „Не сакам кога туѓата (не)совест ќе стане судија на мојата слобода.“ (Апасиев)
Критичкото оружје на Апасиев за отстрел на непријателите на народот не може, се разбира, да ја замени критиката на оружјето, материјалната сила мора да биде соборена од материјална сила, но теоријата исто така станува материјална сила штом таа ги освои масите. Се покажа дека идеите и начинот на нивна артикулација од страна на Апасиев се способни да ги освојат масите штом тие се покажат ад хоминем, а тие се покажуваат ад хоминем штом станат радикални. Вистинска опасност не доаѓа од практичниот обид туку од теориското изведување на комунистичките идеи, грешен Дерала! „…На практичните обиди, па макар да се и обиди во масата, може да се одговори со топови, штом ќе станат опасни, но идеите што ја победиле нашата интелигенција, кои ги освоиле нашите чувства, врз кои нашиот разум ја сковал нашата свест, тоа се синџири од кои човек не може да се оттргне а да не му се раскине срцето, тоа се демони, кои човекот може само да ги победи, кога ќе им се предаде.“ (K. Marx, Der Kommunismus und die Augsburger, “Allgemeine Zeitung“, Werke, св. 1, стр. 108.)
Сашо Орданоски воопшто не „повлече една бравурозна паралела“, туку тоа е само една небулозна и повторно научно неиздржана паралела. Слоганот на Левица „Државата за народот“ целосно идеолошки се поврзува со левицата, бидејќи како што и самите Маркс и Енгелс во Комунистички манифест велат: „Извршната власт на современата држава е само комитет за управување со заедничките работи на целата буржоазија.“ Либерална демократија е само друго име на диктатурата на буржоазијата. Нормално, за модерните, либерални сфаќања, диктатурата на пролетаријатот е вчудоневидувачка фраза, но треба да се има на ум дека со истата анализа, ние сме биле едно време и сѐ уште сега живееме под диктатура на буржоазијата (живи докази се мартирите на слободата како Мумиа Абу-Џамал, Лин Стеварт, Челзи Менинг и Џулијан Асанж). Според Маркс и Енгелс, постоењето на која било влада подразбира диктатура на една општествена класа над друга. Според тоа, без да заобиколуваме со јазикот на политичката коректност, суштинското прашање е која класа е во доминирачка улога, а не класификацијата на авторитарност!!! Левица се бори за „држава за народот“, а не за држава за буржоазијата и политичките елити за чиј статус кво се борат како бесни питбули сороспиите Џабир Дерала и Сашо Орданоски, затоа што „државата никогаш нема да ја најде причината за општествените болести во државата и општественото уредување… таму, каде што постојат политички партии, секоја од нив, ја наоѓа причината за секоја невоља во тоа што на државното кормило се наоѓа нејзиниот противник, а не таа. Дури радикалните и револуционерни политичари ја наоѓаат причината за невољите не во суштината на самата држава, туку во одреден облик на држава, на чие место сакаат да постават некој друг облик на држава“. (Маркс)
Од кудач на Левица и Апасиев, Џабир Дерала постанува фанфарон на Солидарност и Здравко Савески. Јас веќе беспоштедно ги демаскирав левичарските идоли на Дерала – Савески, Бранимир Јовановиќ и другите – и ги разобличив како веќе готови предавници на левичарските идеи. Една од моите последните полемики против овие ѕвездени Гои на левичарското небо е полемиката насловена „Oцрнувањето на Левица нема да ви помине без последици!“ како одговор до клеветите и лагите на Савески и Јовановиќ против Апасиев и Левица. Популистичките предлози за економски „промени“ од „левичарското“ „движење“ „Солидарност“ ги изложив исто така во многу свои блог постови. Докажав дека се работи за мит во врска со она што „левичарското“ „движење“ Солидарност го пропагира како идеја за одржлив економски раст врз прогресивно даночење. Го изложив и митот на „левичарското“ „движење“ Солидарност за порамномерна прераспределба на доходот во услови на приватна сопственост. Итн. итн. „…Во последно време, откога Бизмарк се фрли на подржавување, се појави еден вид на лажен социјализам – понекогаш дури се изродуваше во доброволно лакејство – кој секое подржавување, па дури и Бизмарковото, без неудобности го прогласува за социјалистичко. Кога државниот монопол на тутун би бил социјалистичка мерка, тогаш и Наполеон и Метерних би требало да ги вброиме во основачи на социјализам…“ (К. Маркс – Ф. Енгелс, Изабрана дела, том II, 1950, Култура, стр. 143-44.)
Понатака, политички неукиот Дерала неосновано тврди дека Улоф Палме имал социјалистичка политичка ориентација и го става на истиот пиедестал на левичарски икони како Роза Луксембург. Нееднаквостите во богатството се релативно високи во Шведска. Топ еден процент најбогати Американци поседуваат околу 35% од општественото богатство, додека топ еден процент најбогати Швеѓани поседуваат од 25 до 40% од вкупното богатство, што не е далеку од нивоата на нееднаквоста во Соединетите Американски Држави, и чиј удел сè повеќе се зголемува. Во исто време, меѓугенерациската мобилност на богатството во тие топ еден процент е вџашувачки ниска. Едно неодамнешно истражување открива дека извонредни 80-90% од нееднаквоста во богатството на најбогатите е доделено на следната генерација во Шведска! Според друго истражување, уделот на најбогатите Швеѓани кои го наследиле своето богатство е околу 2/3 со 1/3 кои се претприемачи, додека во Соединетите Американски Држави спротивното се случило, со 1/3 од најбогатите кои го наследиле своето богатство додека околу 2/3 се претприемачи. Според тоа, во врвот на класите на шведското општество има мал број на аристократски семејства кои контролираат најголем дел од богатството. Мобилноста во оваа група е ретка, веројатно поретка од таа што се случува во Соединетите Американски Држави. Една причина се посилните неформални класни бариери, само фактот дека заработувате богатство не е доволен за да бидете прифатени како член на аристократската висока класа. Друга поинтересна причина која го руши митот за неолиберализмот и во исто време ја докажува редистрибутивната даночна политика како палијатив, е можеби ненамерната последица на економските политики на шведската држава на благосостојба!
За време на владеењето на про-редистрибутивните социјалдемократи, истите се прашувале како да се справат со нееднаквостите во богатството. Дилемата со која се соочиле социјалдемократите била ова: високите капиталистички семејства многу добро ја менаџирале шведската извозна индустрија, којашто била клучот за богатството на Шведска. Ова е посебно точно за семејството Валенберг, водечката индустриска фамилија во Шведска, којашто меѓу другите ги контролира ABB, Ericsson, Electrolux, Atlas Copco, SKF, AstraZeneca и Saab. Социјалдемократите одлучиле да ја прифатат нееднаквата распределба на активите, но едноставно да ги направат овие активи помалку вредни преку употреба на казниви високи даночни стапки. Поради високата инфлација, даноците на капитал често биле 80-100%. Најбогатите фамилии сè уште го поседувале најголемиот дел од приватната индустрија, но поради даноците тие активи едноставно не вределе многу. Парадоксално, високите даноци и регулациите на капиталот коишто спречиле странски инвестиции изгледа дека помогнале да се замрзне распределбата на активите поради што уделот во општественото богатство поседувано од богаташите бил сосема константен помеѓу 1970 до 1990-тите години. Во својата Критика на Готската програма, Маркс ги нарекува ваквите социјалисти како Улоф Палме „вулгарни социјалисти“ кои „имаат наследено од буржоаските економисти дистрибуцијата да ја разгледуваат како независна од начинот на производство и поради тоа социјализмот да го претставуваат како тој главно да се врти околу дистрибуцијата. Откако вистинскиот однос е одамна разјаснет, зошто враќање назад?“ Токму така! Откако наемното ропство е откриено како причина за класните разлики, зошто враќање назад кон редистрибутивни палијативи?
За „мрачните полициско-шпионски подземја“, како што е полициската единица Алфите, со кои Дерала ја поврзува Левица како нивна инсталација, се разбира, една ноторна лага за која мора да добие кривична пријава, треба да го заблагодари нивното постоење на СДСМ и Џанго во чиј состав влегоа илјадници улични насилници, тепачи и криминалци кои со 3 месеци курс од државата добија огромни овластувања и одврзани раце. Малтене пара-војска која ја користеа, ја користат и ќе ја користат во иднина (доколку ние не се избориме за спротивното) за валкани игри, претепувања, убиства и малтретирања на граѓаните. Низ блогосферата постоеја многу сведоштва за дивјачкото однесување на алфите, сепак најтрагичен беше случајот на Трајан Беќиров. Шарената револуција во тој поглед ништо не промени. Иако Јанкуловска и Котевски кроеја план да го скријат убиството на Нешковски, тие денес се на слобода и каприциозно ги трошат дивидендите од своите членства во разно-разни управни одбори. Полициските единици не се прочистени од уличните насилници, тепачите и криминалците. Сороспиите еднаш нека бидат искрени и нека ја кажат вистината: дека нема револуција туку само нагодба на една клика со друга клика – заради обострана амнестија; дека нема борба за слобода и правна држава туку само продажба на народната слобода и смена на едни партиски судии со други; дека нема борба за народно претставништво туку само има претставништво на богаташите кои досега беа во опозиција. Укинувањето на радиодифузната такса во ништо не ја ублажува болката од камшикот на наемното ропство. Амнестирани криминалци и терористи, подопашки на олигархијата и фикус од врховен командант, ете ги вашите трибуни кои ќе ве водат кон живот во волшебниот свет на Недојдија, каде што политичките елити побогати од било кога маестрално презентираат шоуа на забава и опасност на политичката сцена пред широките пауперизирани маси заради гушење на нивната класна свест како работничка класа за себе, а не само по себе.
За Дерала, „растењето на Левица беше проследено со безмилосна чистка во редовите на партијата“. Нормално, бидејќи Дерала е политички дудук, тој не може да разбере дека опасноста за распад или сателитизирање на една партија кон друга поголема партија е во отсуството на единство, во правото што го има секој да влече на своја страна, во урнисувањето на способните луѓе, во анархијата на волјите. „Партијата треба да се очисти од измамници, од побирократизирани, нечесни, од колебливи комунисти и од меншевици коишто ја пребојадисале „фасадата“, но во душата си останале меншевици.“ (Ленин, Дела, том 34, стр. 371) Да се знае да се разликува движењето што доаѓа од лакомост од движењето што доаѓа од принципиелност, да се толчи едното и да се помага другото, во тоа е генијалноста и добродетелта на големите политичари како Апасиев.
Според Дерала, Апасиев „заслужува малку повеќе внимание отколку што му придавав(ме) до неодамна“, но не затоа што Апасиев е „микроскопска, карикатурална и вулгарна верзија на Мусолини“, туку затоа што сороспиите како Дерала се плашат од Апасиев бидејќи е терор за политичките елити, а за демократијата тој е бранител. За народот, тој е defensor plebei. Најревносен пријател на народот, а на терен интервенционист од помош за сиромашните! На Апасиев не му треба ни позиција ни пратеничка плата. Тој се избори да стане пратеник во Собранието затоа што се надева дека така поефикасно ќе ѝ служи на татковината. Единствената амбиција на Апасиев е да помогне во спасот на народот, да биде слободен и среќен народ, и сите негови желби ќе бидат остварени. Орелот Апасиев секогаш маршира сам, мисирот Дерала се групира!
Фејсбук статус на Томислав Захов