АктуелноЛокално

Зошто политичарите и политиката се толку непопуларни – против професионалните политичари!

„Кога оние кои се доблесни и паметни не се вклучуваат во политиката, тие се казнуваат со тоа што завршуваат управувани од глупавите и недоблесните“ – Платон

Од бракот помеѓу либералната демократија и капитализмот се изроди една владеачка елита која извршувањето и интересот за јавните работи (политиката) си го сфати како своја професија. На овој начин, ваквата елита, претопувајќи се во [интересите на] капиталот, комплетно се отуѓи од обичниот народ, и не само што заборави на неговите интереси, туку дури и ги поддржа интересите на капиталот наспроти потребите на обичниот народ.

Затоа, доколку не ве интересира кој ќе управува со јавните ресурси и кој ќе одлучува за интересите и приоритетите на заедницата, тогаш, покрај самите себе, ги осудувате и идните генерации во тоа да бидат владеани од страна на глупави и лукративни политичари.

Мене сега во предизбориево често ми се случува да наидам на чудење (и доза на збунка) од страна на колегите на работа (со оние со кои по сила на работните прилики не се гледаме секојдневно, нели) или пак од подалечни пријатели; за тоа како можело јас да сум во политичките води, а да бидам обичен работник во приватна фирма!? На ова често им одговарам дека; отсега ќе мора да се навикнат на непрофесионални политичари, и луѓе во народното собрание кои изгледаат и се однесуваат исто како нив и ги имаат истите проблеми како и сите нив – проблемите на обичниот работен народ.

#ЛевицаВоПарламент

#ДржаватаЗаНародот

Зошто политичарите и политиката се толку непопуларни – против професионалните политичари! „Оние кои се доблесни и…

Публикувахте от Реџеп Исмаил в Петък, 10 юли 2020 г.