АктуелноЛокалноСтав

Што правеа „зелените” од ДОМ последните 15 години на власт?

За  „зелените” од ДОМ, кои направија кул видевце за гледање, еве неколку зелени прашања, како дел од власта подолго време:


1. Каде беа за време на сите протести против загадениот воздух?

2. Како дозволија кратење на буџетот за заштита на животната средина?

3. Зошто не повикаа за промена на Макрадули, кој не мрдна со мал прст за промена на алармантната состојба со загадувањето?

4. Зошто градовите и зелените површини ги чистеа граѓански активисти и народот, наместо институциите?

5. Зошто се нелегално исечени сите шуми, без никој да одговара?

6. Зошто немаме доволно инспектори, а тие кои ги имаме никогаш не наоѓаат ништо нелегално во работењето на компаниите, ни тогаш кога медицински отпад се третира како хартиена ќеса, или кога реките се црвени и бели од хемикалии?

7. Зошто до сега не бараа градежните инвеститори да ја пошумуваат околината туку ги оставија се’ да исечат?

8. Што правеа побогу 15 години, сведочејќи го геноцидот над населението со уништување на се’ од животна средина?

После се сетив, дека уствари спиеја и уживаа привилегии. Фејкери преварантски. Може некои политички несозреани индивидуи ќе ги излажете со флертовите меѓу симпатии и насмевките во видеата, ама тие шо бевме по улиците, чудејќи се како е можно за воздух да се тепаме у 21ви век, НЕ ВИ ЗАБОРАВАМЕ ДЕКА НИКОГАШ НИКАДЕ ВЕ НЕМАШЕ, освен во фотелјите!

Комуникацијата прво треба да е КРЕДИБИЛНА, а потоа може да биде и креативна и емотивна и страшна и смешна. А вие првото го немате!

Пс. И тие приказни од рекламите на always и Dovе се исто така веќе видени, како и да ги спакуваш.

Ппс. Предизборни коалиции треба да се забранети, па тогаш да видиме колку вредите кај гласачите.