Последната битка во Европа

15 мај 1945 – На денешен ден, пред 72 години, завршила битката на Полјана (Словенија, Југославија). Официјално тоа е последната битка која земала дејство на територијата на Европа. Во битката учествувале формациите на Југословенските партизани, кои се соочиле против Германски одреди, „Вооружените сили на независната држава Хрватска“, „Словенската домашна гарда“, „Црногорската народна армија (поранешни четници)“ чија заедничка и единствена цел била да стигнат до териториите контролирани од Британија и таму да се предадат на силите на Антантата со цел да не паднат во рацете на Југословенските партизани.

Битката траела два дена. Југословенските партизани, надмоќни во својата бројност и мотивираност, успеале да ги притиснат нацистичките трупи и локалните колаборатори. По изјаснувањето на Британските сили, дека нема да им пружат помош или заштита на нацистичките сили и колабораторите од Југословенските партизани, овие безусловно се предале. Од страна на партизаните загинале околу стотина лица, додека од страна на силите на Оската загинале 350 војници, а повредени биле 250. Со предавањето на силите на Оската и нивните локални колаборатори, официјално завршила и последната битка од втората светска војна на тлото на Европа.