АктуелноЛокално

4 Јули – КПЈ донесува историска одлука за востание против фашистичкиот окупатор

Во изминативе 30 години на транзиција кон слободен пазар и плурализам (согласно НАТО-стандардите) историското значење за 4 јули се поврзува само со освојувањето на континентот Северна Америка од страна на европските колонизатори. За разлика од квислинзите кои 4 јули го одбележуваат со удварање на нивните колонијални господари (види тука за најновото дно на Димитров) ние денес го славиме Денот на Борецот.

За нашите простори 4 јули (порано познат како Ден на Борецот) има свое историско значење, кое денешните политичари – потчинети на чествувањето на “стратешкиот партнер”- повеќе не го ни спомнуваат. Односно, на овој ден во 1941 година на седницата на Политбиротото на КПЈ, предводена од Јосип Броз Тито, донесена е Oдлука за започнување на вооружено востание на народите од Југославија против тогашниот фашистички окупатор. 

Спомен плоча на поранешниот музеј „4 јули” во Белград

На оваа одлука претходи нападот врз Советскиот Сојуз од страна на Третиот Рајх на 21 јуни 1941 година, како и прогласот на Коминтерната до сите комунистички партии “да отпочнат со борба против окупаторот со која би се помогнала и олеснила борбата на Советскиот Сојуз”. Истиот ден, во Белград одржана е седница на Централниот Комитет на КПЈ, на која е издаден проглас со кој се осудува нападот врз СССР и се повикува народот да се подигне на вооружено востание. 

На седницата која е одржана на 4 јули донесени се повеќе одлуки за започнување на вооруженото востание, како формирање на партизански одреди и донесување Проглас за подигнување востание против фашистичкиот окупатор. Прогласот го напишал Иво Лола Рибар и истиот е испечатен на 12 јули во илегалната печатница на КПЈ во Белград.

Помеѓу другото, во Прогласот пишувало: „Народи од Југославија – Срби, Хрвати, Словенци, Црногорци, Македонци и други!… Вие бевте победени во војната, но не бевте покорени. Славната традиција на борбата за правда и слобода од вашите дедовци не смее да биде заборавена. Сега е време да покажете дека сте достојни потомци на своите предци. Сега е време, сега дојде часот да се подигнете сите како еден против окупаторот и неговите домашни слуги, крвниците на нашите народи. На теророт одговорите со масовни удари по најосетливите точки на фашистичките окупаторски банидити. Уништувајте сѐ – сѐ што користат фашистичките освојувачи. Не дозволувајте на нашите железници да пренесуваат воен материјал и други средства кои им служат на фашистичките орди во нивната борба против Советскиот Сојуз. Да направиме од нашата земја цврста тврдина за фашистичките освојувачи”.