Две години Преспа – идентитетот бетон
Изминаа две години од потпишувањето на т.н. Преспански договор, чие спроведување беше против волјата на народот, направено противправно и на шверцерски начин. Да се потсетиме: референдумот не само што беше спроведен со еден куп нерегуларности и прекршени процедури и правила, туку истиот беше и неуспешен, односно како што беше констатирано и од страна на ДИК: одлуката не беше усвоена бидејќи не гласаа повеќе од половината од вкупниот број граѓани запишани во Избирачкиот список.
Целата операција подоцна беше спроведена од страна на владејачките елити на чело со Владата предводена од СДС, подучена од меѓународната евро-атлантска заедница. На криминален начин го променија Уставот, служејќи се со уцени и закани на пратеници, подмитување и други облици на трговија со правдата; сето тоа заради задоволување на странските интереси и лични хирови на нивната испостава во земјава.
Со цел залажување на народот, и тоа на најгрдиот можен начин – преку уцена по нивната социјална и безбедносна состојба – беше ветувана розева иднина, која на моменти ги надминуваше и границите на апсурдот, како што на пример беше кампањата преку која Владата, со буџетски пари го лажеше народот дека ќе добие бесплатно лекување во земјите на ЕУ?! Од сето тоа, денеска ни остануваат само сиромаштијата, разрушеното здравство, легализираниот криминал, деградираната животна средина, катастрофалното образование , секако, ДУИ-нг бизнисот.
Она што се промени е само тоа што станавме членка и соучесник на криминална организација, за која, секоја година треба да одбојуваме повеќе од 2% од нашиот (и така мал) БДП. Доколку пак нашиот национален идентитет, спротивно на тогашните тврдења на „независните“ експерти, стана северномакедонски по сите основи и на сите полиња.
Подолу се прикажани 10 примери како – во само изминатите 30 дена – на различни светски веб страни се зборува за “северномакедонски претседател”, “северномакедонски министри”, “северномакедонски избори”, “северномакедонски пасоши”, “северномакедонска економија”, “северномакедонско здравство”, “северномакедонски устав”… Но, како што тогаш во караоке пееја мегафон-експертите: вие само спијте раат, идентитетот е забетониран!