На денешен ден 1942 година обесен е народниот херој Стјепан Филиповиќ
На денешен ден 1942 година обесен е народниот херој и комунист, Стјепан Филиповиќ. Заробен е на 24 декември 1941 година од страна на четничките единици и потоа предаден е на Гестапо. И покрај мачењето и тортурата кое го трпел во заробеништво од страна на нацистите, Филиповиќ останал непоколеблив и не ги предал своите соработници – партизани. Неговите преживеани соборци од затворот подоцна ќе сведочат дека неговиот дух бил вистинска инспирација во тешките моменти, зборувајќи им често: „Комунистите мора да бидат најсилни во најтешките мигови, мора да пркосиме на гадовите, затоа што ние се бориме за најчесната и најплеменитата идеја која сигурно ќе победи.”
На денот на неговото јавно бесење, српската жандармерија на Недиќ заедно со нацистичките војници го носат заврзан Филиповиќ низ српските улици, со цел да предизвикаат страв кај локалното население. Храбар и полн со пркос, тој пристигнува на плоштадот каде има околу 3000 луѓе. Под бесилката Стјепан започнува да ги извикува неговите последни зборови: „Немојте само да гледате. Удрете на гадовите. Вадете ги за’рѓаните пушки. Ако само гледате, гадовите еден по еден ќе нè убиваат…. Долу Хитлер, долу фашизмот, да живее Советскиот Сојуз!“
Стјепан Филиповиќ е убиен на 26 годишна возраст, но неговиот пркос и храброст овековечени преку оваа фотографија живеат до ден-денес.