Вонредната состојба е веќе вовед во неограничено владеење на оваа божем „техничка влада“
Статус на проф. Билјана Ванковска.
„Член 54 став 4 од Уставот: Ограничувањето на слободите и правата не може да се однесува на правото на живот, забраната на мачење, на нечовечко и понижувачко постапување и казнување, НА ПРАВНАТА ОДРЕДЕНОСТ НА КАЗНИВИТЕ ДЕЛА И КАЗНИТЕ, како и на слободата на уверувањето, совеста, мислата, јавното изразување на мислата и вероисповеста.
Не сум кривичар, ама знам уставно право (а Шкариќ нека води битка ЗА вонредната состојба, ама не смее да биде селективен кога се во прашање човековите права).
Покрај хиперинфлацијата на уредби со законска сила што немаат врска со справувањето со епидемијата, тие вршат елементарно кршење на човековите права со измислување нови кривични дела и казни со ДЕКРЕТ! Во теоријата се зборува за уставна диктатура, ама оваа нашава е неуставна – од почеток до крај! Уредните со законска сила не се алатка за арбитрерна власт, туку МОРААТ да бидат во рамки на Уставот и ЗАКОНИТЕ кои веќе постојат.
Евентуалните промени мораат да бидат МИНИМАЛНИ и ПРОПОРЦИОНАЛНИ на нужноста заради која е воведена вонредната состојба. Туку, да не се лажеме, вонредната состојба е веќе вовед во неограничено владеење на оваа божем „техничка влада“ а која е влада на СДСМ и ДУИ. Затоа им требаат 30 дена, плус 30, и така во бескрај…”